Соопштение 04.10.2026
Втората форумска сесија на проектот „Зајакнување на општинските совети - 2“ што е закажана за 05.10.2026 година (понеделник) во 10 часот, во Салата до Кабинетот на Градоначалникот, ќе понуди простор за поинтензивна размена на граѓанските идеи, предлози и концепти кои ќе прераснат во конкретни проекти од корист на заедницата.
На сесијата, формираните работни групи ќе имаат можност да ги презентираат изработените концепти што произлегоа од работата во првата форумска сесија и да дискутираат за нивните придобивки.
Целта на овие форумски сесии е присутните граѓани, здруженија на граѓани и претставници на институциите да даваат предлози за реализација на конкретни проекти, а на крајот да се избере најдобриот проект кој ќе се реализира со финансиски средства од предвидениот фонд.
Проектот „Зајакнување на општинските совети - 2“ е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е спроведуван од УНДП и Град Скопје.
- ВЕСТИ
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 19.08.2026 - Соопштение за јавностa
