Соопштение 22.10.2026

Советот за превенција на детско престапништво на Град Скопје ја одржа првата конститутивна седница. Овој совет, кој е составен од 13 членови, на седниците што ќе ги одржува  ќе ги анализира состојбите  и ќе покренува иницијативи поврзани со детското престапништво.

Формирањето на Советот за превенција на детско престапништво на Град Скопје е со цел унапредување на меѓуинституционалната соработка и преземање координирани активности за превенција на детското престапништво.

Во составот на Советот се вклучени претставници од средните училишта на Град Скопје, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за внатрешни работи, здруженија на граѓани,  Адвокатската комора, Основен суд Скопје, Основното јавно обвинителство и  Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.