Скопје повторно во АЛДА: Нашиот град се враќа во европското семејство на локални самоуправи 27.11.2026
Скопје и официјално повторно стана полноправен член на АЛДА - Европската асоцијација за локална демократија, со што конечно се обновуваат важните врски со оваа престижна меѓународна мрежа. Самата визија на АЛДА се базира на градење силни, отворени и инклузивни заедници и јакнење на локалната демократија. Ова членство носи големи придобивки за главниот град, отворајќи пристап до европски фондови, како и отворени можности за постојана размена на мислења, искуства и иновативни решенија со другите европски градови-членки. Преку ова се овозможува и реализација на конкретни проекти кои директно го подобруваат секојдневниот живот на скопјани.
Оваа приказна е дел од една многу поширока визија - Скопје е град кој уште од порано е цврсто фокусиран на градење и развивање на блиски релации со своите збратимени и градови-партнери, длабоко верувајќи во отвореноста за партнерства и активно тежејќи да биде дел од што повеќе меѓународни мрежи и асоцијации. Ваквата отвореност на градот Скопје кон светот е особено важна токму во овој период, кога Скопје ја носи престижната титула Европска престолнина на културата. Преку овие мостови на соработка, главниот град ја потврдува својата подготвеност да излезе надвор од локалните рамки, да ги сподели сопствените вредности, да имплементира вредни странски искуства, со што градот Скопје се позиционира како вистински европски центар на културата, уметноста и современиот урбан живот.
- ВЕСТИ
- 27.11.2026 - Од 1 декември почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ 2027“
- 27.11.2026 - Скопје повторно во АЛДА: Нашиот град се враќа во европското семејство на локални самоуправи
- 20.11.2026 - Одржана работилница за изработка на Стратегија за Локален економски развој за период 2026 – 2029 година
- 18.11.2026 - Град Скопје го започна процесот на изработка на новата стратегија за соработка со граѓанските организации и фондации
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
