Oдржана првата конститутивна седница на Kомисијата за унапредување на правата на пациентите 01.2.2023

На 21.09.2022 година, во просториите на Град Скопје се одржа првиот конститутивен состанок на новоформираната Комисија за унапредување на правата на пациентите.

Формираната Комисија е согласно Законот за заштита на правата на пациентите и согласно Одлуката за формирање Комисија за унапредување на правата на пациентите, донесена на 15-та седница на Советот на Град Скопје, одржана на 25.07.2022 година.

Комисијата е составена од 11 члена, со мандат од две години, и со право на уште еден последователен избор.

Надлежностите на Комисијата се во делот на: унапредување на правата на пациентите и нивната заштита, разгледување поплаки и предлагање мерки за подобрување на заштитата на правата на пациентите до надлежните органи, подготвување и издавање извештај за заштитата на правата на пациентите пред Советот на Град Скопје, издавање информации, промотивен и друг материјал со цел за унапредување на правата на пациентите и др.

Седиштето на Канцеларијата за унапредување на правата на пациентите е во просториите на Град Скопје, барака број 2 - канцеларија број 8. 

Телефон за контакт е 3297 278 и е –маил pravanapacienti@skopje.gov.mk

Административно – техничките и други работи за потребите на Комисијата ги врши Секторот за јавни дејности.

Средствата за работа на Комисијата за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје се обезбедуваат од Буџетот на Град Скопје и од други дополнителни извори.