
Соопштение за јавност 08.11.2023
Завршена е изградбата на улицата Васко Карангелески, проект со чија реализација се овозможува сообраќајно поврзување на три главни булевари во општина Аеродром.
- Со изградбата на улицата жителите на овој дел од Скопје добиваат ново сообраќајно поврзување помеѓу булеварите АСНОМ, Јане Сандански и Трета македонска бригада, со што значително ќе се намали сообраќајниот метеж со кој беа секојдневно соочени жителите на Аеродром. Ваквите сообраќајни решенија покрај својата основна функционалност ја зголемуваат безбедноста и сигурноста за сите учесници во сообраќајот – истакна градоначалничката Арсовска.
Арсовска додаде дека овој проект претрпе повеќе измени за да се зачувува зеленилото, бидејќи во претходниот проект беше предвидено сечење на дрворедот по целата должина на улицата.
- Со промените коишто ги направивме во проектот, над 100 дрвја беа зачувани, а со специјална машина за пресадување на дрвја се пресадија повеќе здрави дрвја на потегот кај основното училиште „Љубен Лапе“ и на локација на самата крстосница. Деновиве во рамките на есенската акција по должината на улицата се засадени 825 нови садници – додаде Арсовска.
Со ова целосно ново булеварско решение и поврзување со две коловозни ленти во двата правци, во должина од 1.100 метри и вкупна површина од 10.600 квадратни метри улицата има нови пешачки и велосипедски патеки од двете страни, како и ново јавно осветлување, а на дел од трасата на улицата се изгради нова атмосферска канализација.
- ВЕСТИ
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
- 21.08.2025 - Авионско прскање против комарци
- 19.08.2025 - Соопштение за јавност
- 18.08.2025 - Тeрестрично прскање против комарци во Скопје
- 18.08.2025 - Соопштение за јавност
- 17.08.2025 - Соопштение за јавност
- 15.08.2025 - Соопштение за јавност
- 13.08.2025 - Соопштение за јавност
- 12.08.2025 - Соопштение за јавност