За првпат пренос во живо на седница на Совет на Град Скопје 09.12.2021

Денешната седница на Советот на Град Скопје е прва седница што се пренесува во живо за јавноста. Иако претходно беше ветувано, преносот во живо по долги напори и технички подготовки беше овозможен за првпат на денешната седница.

Преносот во живо на седницата на Советот на Град Скопје, граѓаните може да ги проследат на фејсбук страните на Град Скопје, и тоа:

 

На македонски јазик – https://www.facebook.com/CityofSkopje/

На албански јазик - https://www.facebook.com/Qyteti-i-Shkupit-1823774994586676/

 

Овој новитет во иднината ќе стане редовна практика и седниците на Советот на Град Скопје, граѓаните ќе може да ги следат со пренос во живо преку официјалните социјални медиуми на Градот, со цел поголема транспарентност во работењето на Град Скопје и Советот на Град Скопје, што е уште еден чекор кон целосна дигитализација на Градот.