Арсовска: Град Скопје и Општина Сарај отпочнуваат со реализација на проект за изградба на систем за водоснабдување во Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци 23.8.2022
Решавањето на деценискиот проблем со водоснабдувањето во населените места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци во општината Сарај е меѓу приоритетните проекти на кои во наредниот период ќе се посвети Градот Скопје, најави на денешната прес-конференција градоначалничката Данела Арсовска.
- Сегашната состојба на системот за водоснабдување на селата Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци не ги задоволува основните потреби на жителите на овие населени места за снабдување со вода за пиење. Ова е горлив проблем со кој локалните жители секојдневно се соочени и затоа заедно во соработка со Општина Сарај, пристапуваме кон решавање на овој децениски предизвик.
Со цел да се надмине сегашната состојба и да се овозможат поквалитетни услови за живеење, Град Скопје и Општина Сарај пристапуваат кон изработка на урбанистичко планска документација за подобрување на водоснабдувањето, според која се планира да се отпочне со изградба на нов систем за водоснабдување – изјави денеска градоначалничката Арсовска.
- ВЕСТИ
- 02.07.2024 - Соопштение за јавност
- 01.07.2024 - Соопштение за јавност
- 01.07.2024 - Соопштение за јавност
- 29.06.2024 - Соопштение за јавност
- 29.06.2024 - Соопштение за јавност
- 26.06.2024 - Соопштение за јавност
- 21.06.2024 - Соопштение за јавност
- 20.06.2024 - Соопштение за јавност
- 19.06.2024 - Соопштение за јавност
- 17.06.2024 - Соопштение за јавност