Нови 18.836 квадратни метри зелени површини во Гази Баба и Аеродром 27.4.2022
Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве работат на хортикултурно уредување на јавна површина во општината Аеродром на потегот од булеварот Февруарски поход до булеварот АСНОМ. Тесниот коридор на булевар Србија e со површина од 2.427 квадратни метри, а широкиот со површина од 6.912 квадрати.
Продолжува и уредувањето на тесниот коридор на булеварот Видое Смилевски Бато со површина од 1.208 квадратни метри, а понатаму ќе следи уредувањето на широкиот коридор со површина од 5.100м2.
ЈП „Паркови и зеленило“ ја зазеленува и јавната зелена површина на булеварот АСНОМ на потегот од хотел „Русија“ до мостот „Генерал Михаило Апостолски“. На новопроектираната улица, која овозможува поврзување на општините Аеродром и Гази Баба, формирана е нова површина во средишното зеленило и во страничното зеленило со вкупна површина од 1.143 квадратни метри.
Завршено е хортикултурното уредување на зелената површина на булеварот АСНОМ од улицата Беласица до објектот на ЈП „Комунална хигиена“ кај „Ист Гејт“.
Уредените површини се наоѓаат лево и десно на булеварот, како и во средишната жардиниера, која е поставена поради новото сообраќајно решение, и се со вкупна површина од 2.046 квадратни метри.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
