За прв пат формирано Собрание на млади на град Скопје 30.10.2022
На конститутивнaта седница на Собранието на млади на Град Скопје, на кое се обрати и градоначалничката Данела Арсовска, за прв пат во градот Скопје се основа Собрание на млади на град Скопје , во согласност со Законот за младинско учество и младински политики.
Собранието на млади на Град Скопје ги избира членовите на Локалниот младински совет на Град Скопје кои согласно регулативата ги застапуваат интересите на младите и креираат политики наменети за младите на подрачјето на град Скопје.
- Денес за првпат е формирано Собрание на млади на Град Скопје, со цел посветено да се работи на подобрување на условите за младите лица на локално ниво, а формирањето на Локалниот младински совет значително ќе придонесува за зголемување на учеството на младите лица во носењето на одлуките од нивен интерес– истакна Арсовска.
Градоначалничката Арсовска по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на младите го потпиша решението за формирање Собранието на млади на Град Скопје, а Иницијативниот одбор по спроведен јавен повик за учество на конститутивно Собрание на млади на Град Скопје ги избра делегатите на собранието. Во Собранието членуваат претставници од младински организации, подмладоци на политички партии, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување.
Формирањето на Собрание на млади на Град Скопје, од кое произлегува и формирање на Совет на млади на Град Скопје и Законот за младинско учество и младински политики, се реализација на мерки како дел од програмата „За модерно Скопје“.
- ВЕСТИ
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 14.11.2024 - Соопштение за јавност
- 13.11.2024 - Соопштение за јавност
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност