Соопштение за јавност 13.10.2024
Почитувани,
Продолжуваат градежните работи на новиот мега-парк во општина Карпош, зелен појас кој ќе се простира на површина од 86.000 метри квадратни. Се уредува и чисти запуштениот простор кој беше непристапен и обраснат, а сега прераснува во парк со чија реализација како проект и дел од програмата „За модерно Скопје“, делуваме со цел долгорочно унапредување, заштита и зачувување на животната средина.

Во паркот покрај зелениот појас, дрвјата и садниците, предвидена е изградба на пешачки патеки и паркинг за посетителите, нова урбана опрема и паркови за миленици. Посветено се работи на подигнување и уредување на зелени, модерни и еколошки содржини во градот кои се дел од долгорочните решенија за почиста животна средина и почист воздух за граѓаните на Скопје.
За прв пат по децении во општина Ѓорче Петров на површина од 32.000 метри квадратни, Аеродром на површина од 27.000 метри квадратни и Чаир на површина од 30.000 метри квадратни, се подигнати нови паркови површини, а низ јавните простори во надлежност на градот дизајнирани се и нови зелени јавни површини и паркови, кои Град Скопје како простор отпочнува да ги ревитализира и зазеленува за поубав град и здрава животна средина.



- ВЕСТИ
- 24.06.2026 - Соопштение за јавностa
- 17.06.2026 - Соопштение за јавностa
- 09.06.2026 - Активни Комисиите при Советот на Град Скопје
- 09.06.2026 - Соопштение за јавностa
- 27.05.2026 - Соопштение за јавностa
- 22.05.2026 - Oдржан е третиот состанок на Живата лабораторија (Living Lab) во рамки на проектот TERRAIN
- 19.05.2026 - Соопштение за јавностa
- 05.05.2026 - Соопштение за јавноста
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
