ПОКАНА

15.12.2017 Градот Скопје Ве поканува на презентацијата на извештајот на работната група за следење на состојбата во работата на стационарот за хуман третман на уличните кучиња – Вардариште, што ќе се одржи утре (15.12.2017 година, петок) во 12 часот, во Салата на Советот на Град Скопје (барака број 13).

Повеќе

ПОКАНА

15.12.2017 Градоначалникот Петре Шилегов денеска (15.12.2017 година, петок) во 13 часот ќе даде изјава за медиумите во Првиот семеен центар на Град Скопје што се наоѓа на улицата Костурски херои број 50 (во близина на „Вучко“, зад Универзалната сала).

Повеќе

НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА ГРАДСКИ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР

13.12.2017 Градскиот дувачки оркестар утре (12 декември, вторник) во 19 часот, во Денсинг салата на МКЦ ќе го одржи традиционалниот Новогодишен концерт. Концертот ќе трае околу еден час, a влезот за сите љубители на музиката ќе биде слободен.

Повеќе

ПОКАНА

13.12.2017 Градот Скопје Ве поканува на потпишувањето на анексот на меморандумот за разбирање за студијата за финансирање, изградба и работа на пречистителна станица за град Скопје, што е закажано за утре (13.12.2017 година, среда) во 12 часот, во салата до Кабинетот на градоначалникот на Град Скопје.

Повеќе

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ НА СПОМЕНИКОТ „Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

12.12.2017 Делегација на Град Скопје, составена од Претседателот на Совет на Град Скопје, Љубица Јанчева, Секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска- Мадиќ и советникот во Советот на Град Скопје, Ирена Попова, (денеска 07.12.2017 година), по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“ – 8 Декември.

Повеќе

БЕЗБЕДНОСТА НА ГРАЃАНИТЕ И ЗАШТИТАТА НА ОБЈЕКТИТЕ ОКОЛУ ВАРДАР СЕ ПРИОРИТЕТ НА ГРАД СКОПЈЕ

12.12.2017 Обилните врнежи од дожд кои го зафатија Скопје во текот на изминатите денови предизвикаа излевање во мајор коритото на реката Вардар и штета на скапо платените објекти од проектот „Скопје 2014“.

Повеќе

ЕНВЕР МАЛИЌИ НОВ ЗАМЕНИК ГРАДОНАЧАЛНИК НА ГРАД СКОПЈЕ

12.12.2017 Членот на Советот на Град Скопје, Енвер Малиќи е новиот заменик градоначалник на Скопје. Со ова решение Малиќи ќе го заменува градоначалникот на Град Скопје во време на спреченост или отсуство, односно ќе ги извршува сите обврски и ќе ги има сите овластувања во надлежност на градоначалник.

Повеќе

КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК ЗА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ВО СКОПЈЕ

12.12.2017 Денеска /8 ноември 2017 година, среда/ во Клубот на пратеници во Скопје, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и заменик-министерот Јани Макрадули одржаа состанок со градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов.

Повеќе

ЈАНЧЕВА СЕ ОБРАТИ НА ОТВОРАЊЕТО НА РЕГИОНАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТА ВО УРБАНИТЕ СРЕДИНИ

12.12.2017 Денеска и утре во хотел „Алексaндар Палас“ се одржува регионална конференција со наслов „Напори кон зголемено правo врз Градот за сите преку подобрување на безбедноста кај јавните простори во урбаните средини“. Конференција е во организација на UN-Habitat и UN Women.

Повеќе

ОТВОРЕНА „КОКА-КОЛА АКТИВНА ЗОНА“ НА КЕЈОТ НА РЕКАТА ВАРДАР

12.12.2017 На кејот на реката Вардар во близина на скејт паркот денеска /10.11.2017 година, петок/ беше отворена десеттата „Кока-Кола активна зона“, која Пивара Скопје и компанијата Кока-Кола ја донираа на Градот Скопје.

Повеќе

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ИНДОНЕЗИЈА ВО ПОСЕТА НА ГРАД СКОПЈЕ

12.12.2017 Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, денеска (05.12.2017 година), оствари работна средба со Делегација од Група за билатерална соработка со Македонија на Претставничкиот дом на Република Индонезија, на Република Македонија.

Повеќе

ПОКАНА

12.12.2017 Утре (12.12.2017 година, вторник) во хотел „Холидеј Ин“ во 10 часот ќе биде отворена меѓународната конференција во рамки на меѓународниот проект „Одржлива урбана мобилност кај градовите од Југоисточна Европа“ (Sustainable Urban Mobility in SEE Cities).

Повеќе

ВО ТЕК Е ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ И АКТИВНОСТИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА

11.12.2017 Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека е во тек Јавниот повик за финансирање проекти и активности од областа на културата од интерес на Градoт за 2018 година, а кој ќе трае до 18.12.2017 година.

Повеќе

ПОКАНА

11.12.2017 Градоначалникот Петре Шилегов, денеска (11.12.2017 година, понеделник) во 14:00 часот ќе одржи прес-конференција пред бараките на Град Скопје.

Повеќе

ПРЕЗЕНТИРАНА АНАЛИЗАТА НА МОЖНОСТИТЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИКОТ ОД ПОПЛАВИ ВО СКОПСКО

11.12.2017 „Физибилити анализа на можностите за намалување на ризикот од поплави во Скопскиот регион“ е името на студијата која Град Скопје ја изработи во соработка со УНДП, а која денеска беше презентирана пред јавноста.

Повеќе

ВОДНО ОСЛОБОДЕНО ОД ВОЗИЛА - РАДОСТ И ЗА ДЕЦАТА И ЗА ВОЗРАСНИТЕ

10.12.2017 Бесплатниот автобуски превоз до Средно Водно кој почна да се применува од денеска и сончевото време привлекоа голем број граѓани да го поминат денот на чист воздух и во природа.

Повеќе

ВО БУТЕЛ ЗАПОЧНА ГОЛЕМАТА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА УЛИЦИТЕ ВО СКОПЈЕ

10.12.2017 Неколку стотици новоангажирани работници, покрај постоечките човечки ресурси и механизација на јавните претпријатија и скопските општини, денеска во општина Бутел ја започнаа големата генералка на Градот.

Повеќе

ГРАДОТ СКОПЈЕ ПОДГОТВЕН ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ОБИЛНИТЕ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД

10.12.2017 По обилните врнежи кои го зафатија Скопје во текот на изминатата ноќ, утрово се состана Штабот за заштита и спасување на Град Скопје.

Повеќе

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА „АНИМА МУНДИ“ ГО ПОСЕТИ СТАЦИОНАРОТ „ВАРДАРИШТЕ“

07.12.2017 Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска /07.11.2017 година, вторник/ заедно со Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ го посетија стационарот за хуман третман на уличните кучиња „Вардариште“.

Повеќе

АВТОБУСИТЕ НА ВОДНО СО НОВ ВОЗЕН РЕД

07.12.2017 Поради големиот интерес на граѓаните, автобусите на пробните линии 25А и 25Б до Средно Водно од овој викенд ќе сообраќаат според нов возен ред и ќе зачестат, односно ќе тргнуваат на половина час.

Повеќе