ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ ГО ПОСЕТИ ПРВОТО РОДЕНО БЕБЕ ВО СКОПЈЕ ВО 2018 ГОДИНА 01.2.2018
Градоначалникот Петре Шилегов, министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска во ЈЗУ „Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје“ го посетија првото бебе кое се роди во Новата 2018 година.
Првороденото бебе во Скопје во 2018 година е Теодора која се роди рано утрово, една минута по полноќ во ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје. Женското бебе е 3,7 килограми, долго 49 сантиметри.
Мајката на бебето е Борјана Радевска и ова и е второ дете.
Градоначалникот Шилегов на мајката и семејството им честита за второто дете, посакувајќи и добро здравје и многу среќа. Тој на семејството подари штедна книшка со 20.000 денари и други пригодни подароци.
Шилегов ја искористи приликата да ја честита Новата 2018 година на граѓаните и им пожели добро здравје, среќа и успеси.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
.jpg)
