Град Скопје е исклучиво надлежен за носењето на ГУП, а постапките за Деталниот урбанистички план ги носи Општина Карпош

18.12.2021 Градот Скопје не учествувал во постапката за поништување на претходниот урбанистички план во општина Карпош, за да преземе било каква одговорност за било каква штета настаната поради суспензија на претходен урбанистички план, ниту учествувал во постапката за продажба на земјиштето.

Повеќе

АРСОВСКА: ЦЕЛОСНО БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ ЗА ГРАЃАНИТЕ ЗА ДВЕ ГОДИНИ, БРТ Е НА ШТЕТА НА ГРАДОТ СКОПЈЕ, ИСЧИСТЕНИ 120 ДИВИ ДЕПОНИИ

17.12.2021 Проблематичниот порект за воведување на БРТ превоз, акцијата за чистење на дивите депонии, катастрофалната финансиска состојба во која е оставен градот од претходната градска власт, како и лошата финансиска состојба на јавните претпријатија на градот беа дел од темите ...

Повеќе

Арсовска: Градот Скопје должи 50 милиони евра, претходно раководство работело  недомаќински и неплански

17.12.2021 На денешниот брифинг со претставниците на медиумите, градоначалничката Данела Арсовска се осврна и на ревизиите кои се прават во Градот Скопје и во јавните претпријатија, со цел да се добие детална слика за нивната тековна состојба, како и да се утврди како се работело досега.

Повеќе

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес

17.12.2021 Градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска, денеска присуствуваше на промоцијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и УСАИД, каде беше промовирано „Упатството за огранизирање заеднички наставни часови“.

Повеќе

165 решени барања од граѓани преку електронската адреса 24@skopje.gov.mk на Град Скопје

16.12.2021 За само 10 дена откако Градот Скопје ја стави во функција електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk, на истата пристигнаа 213 барања од граѓани, од кои 165 веќе се решени, а останатите се во фаза на решавање.

Повеќе

Се украсува градот Скопје за новогодишните празници

16.12.2021 Централното градско подрачје, плоштадот Македонија, улицата Димитрија Чуповски и булеварот Илинден од вчера забрзано се украсуваат со новогодишни украси во пресрет на новогодишните празнувања.

Повеќе

Градоначалничката Арсовска на средба со претставници на Синдикатот на пожарникарите- прифатено барањето за колективен договор

16.12.2021 Тие на средбата ги истакнаа нивните барања да бидат осигурени, да бидат заштитени нивните работнички права, исплаќање на К-15, признавање на ноќна работа и соодветна исплата на дополнителни работни часови, за што побараа итно решавање од страна на Градот.

Повеќе

Казна од 88 илјади евра за нелегално фрлање отпад во Скопје

15.12.2021 Инспекторатот за животна средина на Град Скопје во рамки на новите заложби на Град Скопје за зголемена контрола и инспекциски надзори со цел заштита на животната околина и здравјето на граѓаните, во процесот на засилени контроли за фрлање на отпад во Вардариште издаде прекршочен паричен налог ...

Повеќе

Ангеле Сотировски нов в.д. директор на ЈП ”Паркови и зеленило”

15.12.2021 Ангеле Сотировски е назначен за нов в.д. директор на Јавното Претпријатие ”Паркови и зеленило”, по спогодбениот престанок на функцијата на досегашниот директор Ардијан Муча.

Повеќе

Кристијан Стаменов нов в.д. директор на Зоолошката градина во Скопје, а Тина Мицковска за негова заменичка

14.12.2021 Стаменов од 2011 година е вработен во Зоолошката градина во Скопје на работна позиција самостоен ЗОО негувател. Стаменов е дипломиран економист од областа на маркетинг менаџмент.

Повеќе

Прогласени најдобрите трговски објекти во Скопје за 2021 година

14.12.2021 Градот Скопје денеска ги прогласи најдобрите трговски објекти за 2021 година, како дел од традиционалната манифестација „Месец на трговијата".

Повеќе

Јавна објава за причините за неусвојување на Извештајот за извршување на Буџетот на Град Скопје за 01.01 - 30.09.21

14.12.2021 Согласно член 32 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, имам обврска да Ве информирам дека Извештајот за извршување на Буџетот на Град Скопје, за 2021 година за периодот 01.01 – 30.09.2021 година, предложен на втората седница на Советот на Град Скопје, не беше усвоен.

Повеќе

Борис Настов назначен за нов в.д. директор на ЈП „Улици и патишта“ Скопје

14.12.2021 Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска го назначи Борис Настов за нов в.д. директор на ЈП „Улици и патишта“ Скопје, откако претходно од директорската позиција беше разрешен Горан Симоновски.

Повеќе

Иван Илиевски нов в.д. директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП)

13.12.2021 Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го назначи Иван Илиевски за в.д. директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП), на местото на досегашниот директор Кристијан Чушков кој е разрешен од функцијата.

Повеќе

Во првите 24 часа се процесирани 51 барање од граѓаните преку 24@skopje.gov.mk

09.12.2021 Активно функционира електронската адреса за комуникација на Град Скопје со граѓаните 24@skopje.gov.mk како дел од програмата за отворен град 24 часа.

Повеќе

На барање на градоначалничката Арсовска е зголемена паричната помош за семејствата на загинатите во автобуската несреќа

09.12.2021 На барање на градоначалничката Арсовска, на денешната втора седница на Советот на Град Скопје, сумата во предлог-одлуката за доделување на паричната помош за семејствата на загинатите во автобуската несреќа што се случи во соседна Бугарија се зголемува на 3,5 милиони денари ...

Повеќе

За првпат пренос во живо на седница на Совет на Град Скопје

09.12.2021 Денешната седница на Советот на Град Скопје е прва седница што се пренесува во живо за јавноста. Иако претходно беше ветувано, преносот во живо по долги напори и технички подготовки беше овозможен за првпат на денешната седница.

Повеќе

Арсовска: Од наредна недела се отпочнуваат редовни контакти со медиумите, ќе се елаборира што е она кое што се случува во градот

09.12.2021 Планирам да воспоставам еден поинаков можеби начин на соработка и од следната недела па натаму со отпочнување на редовни контакти со медиумите, не само со брифинзи туку и со прес конференции едноставно ќе се елаборира што е она кое што се случува во градот

Повеќе

Арсовска: За БРТ испланирале да потрошат 70 милиони евра без одлука на Совет на Град Скопје, а не се консултирани ниту граѓаните

09.12.2021 За БРТ превозот не постои ниту презентација пред совет на град Скопје, а и одлука на Совет на Град Скопје, а тие се претставниците на граѓаните во градот.

Повеќе

Арсовска: Скопјани на чекор до непрекината и непречена вело инфраструктура, и 25% намалување на паркинг услугите

09.12.2021 На скопјани и воопшто на граѓаните на Македонија мора да им се понуди соодветно решение, алтернативно решение доколку тие би сакале и би требале да го користат јавниот превоз или пак алтернативниот превоз.

Повеќе