РЕКОНСТРУИРАНА УЛИЦАТА ВОСТАНИЧКА ВО КИСЕЛА ВОДА

06.11.2020 Екипите на Град Скопје ја завршија реконструкцијата на улицата Востаничка во општината Кисела Вода. Оваа значајна сообраќајница се реконструираше на потегот од улицата Црниче до улицата Свети Наум Охридски.

Повеќе

ЖИТЕЛИТЕ НА ЧАИР И БУТЕЛ ШТО АПЛИЦИРАА ЗА ИНВЕРТЕРИ ВИКЕНДОВ ЌЕ ГИ ПРЕДАВААТ СТАРИТЕ ПЕЧКИ

06.11.2020 Жителите на општините Чаир и Бутел што аплицираа за субвенции за набавка на клима инвертери и добиле електронска порака за предавање на печките од Град Скопје, во текот на претстојниов викенд (утре и во недела) ќе можат да ги предадат своите стари печки на дрва или на нафта во дворот на средното училиште „Зеф Љуш Марку“. Акцијата ќе трае од 10 до 16 часот.

Повеќе

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 266 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

05.11.2020 Во текот на изминатата недела (29.10 – 04.11.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 266 возила од јавните површини.

Повеќе

ГРАД СКОПЈЕ УРЕДУВА УШТЕ ЕДЕН НОВ ЗЕЛЕН СКВЕР ВО АЕРОДРОМ

05.11.2020 Денеска започнува уредувањето на последната од вкупно 4 локации кои се дел од иницијативата на Центарот за иновации Скопје Лаб, со чија помош Градот Скопје директно ги вклучува граѓаните во редизајнирањето на постојните зелени површини согласно со нивните потреби за одмор, релаксација, дружење и с

Повеќе

ДОДЕЛЕНИ ПРИЗНАНИЈА И НАГРАДИ НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО ПРОЕКТОТ ЗА ЗАЕДНИЧКИ ЧАСОВИ ВО СУГС

04.11.2020 Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов им додели Признанија и награди на 48 наставници од шест средни училишта на Град Скопје за нивниот придонес и активно учество во унапредувањето на меѓуетничката интеграција во образованието преку редовна реализација на заеднички наставни часови со ученици кои учат на различни наставни јазици.

Повеќе

ПРЕТСТАВНИЦИ НА ГРАДОТ СКОПЈЕ И ВЛАДАТА НА СРЕДБА СО СКОПСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ

04.11.2020 Во просториите на Градот Скопје денеска продолжи социјалниот дијалог со претставниците на скопските пожарникари за решавање на настанатиот проблем и изнаоѓање нови решенија за нивните синдикални барања.

Повеќе

ПАРКИНГОТ НА ВОДНО ВО ТЕКОТ НА  ВИКЕНДOT ГО ИСКОРИСТИЛЕ 638 ВОЗИЛА

02.11.2020 Паркингот на Водно во текот на викендoт го искористиле 638 возила според бројот на испратени СМС пораки.

Повеќе

ГРАД СКОПЈЕ СО ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ИЗМИР, РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА

02.11.2020 Советот на Град Скопје на денешната 9-та вонредна седница донесе Одлука за давање помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Измир, во кој животот го загубија повеќе од 60, а повредени се околу 900 лица.

Повеќе

БАРАКАТА НА „МАТИЧНО“ ЌЕ СТАНЕ МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР

02.11.2020 Денеска, пред објектот на поранешнaта Управа за водење на матични книги „Матично“, прес-конференција одржаа градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и претставник од Сојузот на извидници на РСМ.

Повеќе

ПО ДВЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊА, ГРАД СКОПЈЕ ПРИСИЛНО ЌЕ ГИ НАПЛАЌА ДАНОЦИТЕ ЗА 2019 ГОДИНА

02.11.2020 Град Скопје ги известува граѓаните дека во согласност со одредбите од Законот за даноците на имот за присилна наплата (Сл.весник број 61/2004....23/2016), ja почнa постапката за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комуналната такса за фирмарина за 2019

Повеќе

ОНЛАЈН СОСТАНОК СО ПОЖАРНИКАРИТЕ И ВЛАДАТА: ПОСТОИ СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ И ИМА НАЧИНИ ЗА ИСПЛАТА НА ПЛАТИТЕ И ДОДАТОЦИТЕ

02.11.2020 На овој иницијален состанок беа разгледани можностите за решавање на прашањето согласно постоечките законски можности на краток рок почнувајќи од месец ноември, како и можностите за системско уредување преку потребните законски измени...

Повеќе

ЖИТЕЛИТЕ НА КИСЕЛА ВОДА ШТО АПЛИЦИРАА ЗА ИНВЕРТЕРИ ВИКЕНДОВ ЌЕ ГИ ПРЕДАВААТ СТАРИТЕ ПЕЧКИ

30.10.2020 Жителите на општината Кисела Вода што аплицираа за субвенции за набавка на клима инвертери и добиле мејл од Град Скопје, во текот на претстојниов викенд (утре и во недела) ќе можат да ги предадат своите стари печки на дрва или на нафта во дворот на средното училиште „Васил Антевски- Дрен“. Акцијата ќе трае од 10 до 16 часот.

Повеќе

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 239 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

29.10.2020 Во текот на изминатата недела (22.10 – 28.10.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 239 возила од јавните површини.

Повеќе

ИЗБРАНИ ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДАТА „13 НОЕМВРИ“ НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2020 ГОДИНА

29.10.2020 Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, вчера (28.10.2020 година) по спроведеното тајно гласање, и официјално ги објави добитниците на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2020 година.

Повеќе

ШИЛЕГОВ: ГРАД СКОПЈЕ БЕШЕ ПРВА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ВО ЕВРОПА КОЈА СПРОВЕДЕ ПРОЕКТ КАКО „КУЛТУРА ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА“

29.10.2020 На денешната 58.седница на Советот на Град Скопје советниците поставуваа прашања за работата на градоначалникот, градската администрација, јавните претпријатија и јавните културни установи во наша ингеренција.

Повеќе

РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ И АКЦИСКИОТ ПЛАН ЗА ЗЕЛЕН ГРАД ПРЕД СОВЕТНИЦИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ

27.10.2020 Измена и дополнување на буџетот на Град Скопје за 2020 година, како и Акциски план за Зелен град се дел од точките за кои ќе се расправа на 57-та седница на Советот на Град Скопје, која ќе се одржи денеска преку конференциска врска.

Повеќе

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ СЕ СРЕТНА СО ПОЖАРНИКАРИТЕ

27.10.2020 Градоначалникот Шилегов денеска имаше средба со пожарникарите, а потоа одржа прес-конференција во дворот на Станицата на Противпожарната бригада во населбата Автокоманда.

Повеќе

ПАРКИНГОТ НА ВОДНО ВО ТЕКОТ НА ПРОДОЛЖЕНИОТ  ВИКЕНД ГО ИСКОРИСТИЛЕ 521 ВОЗИЛО

26.10.2020 Паркингот на Водно во текот на продолжениот викенд го искористиле 521 возило според бројот на испратени СМС пораки.

Повеќе

ШИЛЕГОВ: БИ ГИ УКИНАЛ ЦЕНТРАЛНИТЕ ИНСПЕКЦИИ, ДА НЕ ПОСТОИ ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ

25.10.2020 На дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што ја организираше НВО Инфоцентарот, градоначалникот Петре Шилегов се осврна на неколку проблеми со кои се соочуваат општинските инспекторати, како и на потребата од итно менување на постојната регулатива.

Повеќе

ПОДНЕСЕНИ 5000 БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИИ - ЗАВРШУВА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ

24.10.2020 Градот Скопје ги информира граѓаните дека завршува јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата.

Повеќе