ГРАД СКОПЈЕ ГО ПРОЕКТИРАШЕ БУЏЕТОТ ЗА 2021-ТА: НАМАЛУВАЊЕ НА СРЕДСТВАТА ПОРАДИ СВЕТСКАТА ПАНДЕМИЈА ОД КОВИД-19 17.12.2020

На денешната седница на Советот на Град Скопје ќе се разгледува Предлог – буџетот на Град Скопје за 2021 година.

Во услови на значајно влошување на меѓународното економско окружување и голема економска криза, резултат на здравствената пандемија, Буџетот на Град Скопје за 2021 година е подготвен применувајќи ги начелата на економичност, рационалност, фискална одговорност, отчетност и транспарентност, во насока да се обезбеди извршување на сите законски надлежности на Градот Скопје, со подобро буџетското планирање и извршување.

Планирањето на средствата преку дефинираните програми допринесува за поголема транспарентност на планираните и извршените расходи како и нивно рационално користење.

Согласно со направените проценки и анализи, со Предлог-буџетот на Град Скопје за 2021 година се предлага износ од 7,2 милијарди денари вкупни приходи и други приливи.

Во предлогот се планира и дел од вишокот на приходи остварен во минатигодини, во износ од 477.000.000 денари.

Споредено со 2020 година, предложениот буџет на Град Скопје за 2021 година, се намалува за 8,5%.

Планираните приходи и други приливи во Предлог – буџетот на Град Скопје за 2021 година, по категории се прикажани во табелата подолу, како и поединечното учество на секоја категорија на приходи и други приливи во вкупниот буџет.

Планираните расходи и други одливи во Предлог – Буџетот на Град Скопје за 2021 година, по категории на расходи е прикажано во табела 2, како што следи:

Износите на секој од поединечните буџети од кои се состои вкупниот буџетот на Град Скопје за 2021 година се наведени подолу во табелата.

Во прикажаниот графикон е претставена споредба помеѓу буџетот на Град Скопје за 2021 година во однос на 2020 година.