26.07.2020Денеска (26.07.2020 година, недела), на градските гробишта во Бутел, домашни и странски делегации положија цвеќиња пред споменикот на загинатите од катастрофалниот земјотрес во Скопје, во далечната 1963 година.
25.07.2020Со изложбата „Скопска алеја на меѓународната солидарност“ во организација на Музеј на град Скопје, се одбележа 57 годишнината од катастрофалниот земјотрес што со својата уривачка сила во 1963 година го претвори Скопје во урнатина и голем број граѓани ги остави без своите домови.
24.07.2020Скопје и годинава со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 57 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога градот се разбуди во урнатини под кои 1.070 лица го загубија животот, а 3.000 беа повредени.
24.07.2020На наредната седница на Советот на Град Скопје ќе се разгледува шестмесечниот извештај од работењето на ЈП „Градски паркинг“ за периодот од 01.01.2020 година до 30.06.2020 година, кое бележи значајно намалување на приходите споредено со истиот период минатата година.
20.07.2020Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно.
18.07.2020Град Скопје ги потсетува граѓаните дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци, како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот.
17.07.2020Деновиве заврши изградбата на новата велосипедска патека на улицата „Свети Кирил и Методиј“ и со тоа Големиот Ринг во Скопје е целосно поврзан и заокружен за велосипедистите.
16.07.2020Градот Скопје ги известува граѓаните дека дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се изврши наредниве денови...
16.07.2020За развој на велосипедскиот туризам и љубителите на планинарскиот велосипедизам, како дел од проектот „Велосипедски парк Водно“, неодамна започна уредивањето на нова планинска велосипедска патека на Водно.
12.07.2020Со ноќно бележење на хоризонтална сообраќајна сигнализација, викендов заврши реконструкцијата на улицата Александар Урдаревски во општина Бутел, на потегот од кружниот тек на улицата Боца Иванова до крстосницата со улица Бутелска, во должина од околу 800 метри.
10.07.2020Новите екоавтобуси на гас, од германската компанија MAN се дел од возниот парк на ЈСП и од денеска возат по нашите улици, со што Скопје стана дел од европски метрополи коишто користат екоавтобуси.
10.07.2020Градоначалникот Шилегов и вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска направија увид во градежните активности за проширување на булеварот АСНОМ и за изградба на нов мост на реката Вардар.
09.07.2020Градот Скопје ги известува граѓаните дека третата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 11.07.2020 година (сабота), во раните утрински часови.
08.07.2020Град Скопје известува дека поради финално асфалтирање на улицата Александар Урдаревски во Бутел, во наредните два дена ќе биде воведен времен сообраќаен режим на улицата.
08.07.2020Град Скопје во месец мај објави оглас за конкурс за избор на три партерни идејни решенија за „Летна отворена сцена“ на три локации во зелениот појас на Градскиот парк во Скопје.