ЗАСИЛЕНИТЕ КОНТРОЛИ ПРОТИВ ПАРКИРАЊЕТО НА ПЕШАЧКИ И НА ВЕЛОПАТЕКИ ДАВААТ РЕЗУЛТАТИ 26.8.2020
Засилените контроли и мерки кои изминатиов период ги преземаа градските комунални редари и инспектори за да се спречи непрописното паркирање на возилата на пешачките и велосипедските патеки почнаа да даваат резултати.

Пред неколку недели, Градскиот инспекторат своите активности ги фокусираше на санкционирање на сите непрописно паркирани возила на булеварот Свети Климент Охридски и на улицата Свети Кирил и Методиј, кои претходно беа посочени од граѓаните. Во овој период нашите служби изрекоа повеќе од 100 мерки и повеќе од 50 глоби против лица за непрописно паркирање на пешачките површини и на велосипедските патеки.

Деновиве состојбата на двете сообраќајници во централното градско подрачје е значително променета и повеќе нема узурпација на просторот од непрописно паркирани возила.
Контролите на Градскиот инспекторат ќе продолжат и во наредниот период, на локации во сите општини во Скопје.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
