АВТО ПЛУС СТРИТ ШОУ – ИЗЛОЖБА НА АВТОМОБИЛИ ВО СРЦЕТО НА СКОПЈЕ

11.05.2019 Вљубениците во автомобилите денеска имаат можност да погледнат стотина модели автомобили од петнаесетина брендови на изложбата Авто Плус Стрит Шоу, што се одржува на булеварот Илинден, на потегот од Зоолошка градина до Детскиот културен центар „Карпош“. Изложбата ја отвори градоначалникот Шилегов.

Повеќе

ПРИЈАВЕТЕ СЕ НА КОНКУРСОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА НАЈГОЛЕМ ПРИДОНЕС ВО ЗАШТИТАТА НА СРЕДИНАТА

11.05.2019 Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека може да се пријавуваат на јавниот конкурс за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на животната средина, најубаво уреден двор на куќа, зграда или институција, најубав состав на тема екологија и најубав цртеж на тема екологија за...

Повеќе

„ДРВО ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ“ - НА НОВИОТ ДРВОРЕД НА КЕЈ ПОСТАВЕНИ ПЛОЧКИ СО ИМИЊА НА НОВОРОДЕНЧИЊАТА

10.05.2019 Екипите на Град Скопје почнаа да поставуваат плочки со имињата на новородените деца на дрвјата во градските дрвореди, во рамки на проектот „Дрво за секое дете“. На кејот на реката Вардар, зад Воениот стадион во Градскиот парк, денеска беа поставени 20-тина плочки на новите дрвја што беа засадени...

Повеќе

09.05.2019 Градоначалникот Шилегов денеска оствари средба со кошаркарските легенди од поранешна СФРЈ кои престојуваат во Скопје по повод одбележувањето на 80. роденден на кошаркарскиот тренер Лазар Лечиќ. За неговиот исклучителен придонес во креирањето и подемот на македонската модерна кошарка...

Повеќе

ВО САБОТА АВИОНСКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ

09.05.2019 Градот Скопје ги известува граѓаните дека првата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 11.05.2019 година (сабота), во раните утрински часови.

Повеќе

ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТРАСИТЕ НА ДВИЖЕЊЕ НА АВТОБУСИТЕ ОД ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ

06.05.2019 Утре, вторник (7.05.2019 година), за време на Апостолската посета на Папата Франциск ќе има посебен режим на сообраќање на возилата од јавниот превоз во период од 5 до 19 часот. Поголем дел од линиите ќе имаат изменет режим на сообраќање, ќе возат по изменети траси од вообичаените, а линиите...

Повеќе

АПЕЛ ЗА ПРЕМЕСТУВАЊЕ НА ВОЗИЛАТА ОД ГОЛЕМИОТ РИНГ

06.05.2019 Поради посетата на Папата Франциск, во Скопје се воведува посебен сообраќаен режим и промени во движењето на граѓаните. Поради специјалниот режим на движење, граѓаните што живеат во централното градско подрачје, во зоната „Голем ринг“, во вторник нема да може да ги користат своите возила, до колку..

Повеќе

УТРЕ СПЕЦИЈАЛЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ И ТРАСИ НА ДВИЖЕЊЕ НА АВТОБУСИТЕ ОД ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ

06.05.2019 Денеска и утре /07.05.2019 година, вторник/ поради посетата на Папата Франциск, во Скопје сообраќајот ќе се одвива по специјален режим. Во централното градско подрачје во Скопје, поточно појасот „Голем ринг“, утре /7 мај/ од 6 до 19 часот ќе има забрана и ограничување на сообраќајот...

Повеќе

ПРИВРЕМЕНО ЌЕ СЕ ДИСЛОЦИРААТ КОНТЕЈНЕРИТЕ ОД УЛИЦИТЕ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

06.05.2019 Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ ги информираат жителите од општината Центар, дека во пресрет на апостолската посета на папата Франциск ќе бидат спроведени безбедносни мерки коишто налагаат привремено дислоцирање на садовите за исфрлање на отпадот.

Повеќе

ЧАЛАЧЕ АСМАМА ТИРУНЕ ОД ЕТИОПИЈА ПОБЕДНИК НА 15-ОТ ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН

04.05.2019 Денеска на скопските улици неколку илјади маратонци трчаа на 15-то издание на најмасовната спортска манифестација Виз Ер Скопски маратон 2019.

Повеќе

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА ЈСП ЗА 15. ВИЗ ЕЗ СКОПСКИ МАРАТОН

03.05.2019 Град Скопје и ЈСП ги информираат граѓаните дека утре, сабота (04.05.2019 година), поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2019“ дел од автобуските линии што сообраќаат на трасатата на која ќе се одржува маратонот ќе имаат изменет режим на возење, а некои воопшто нема да бидат во функција.

Повеќе

УТРЕ ЌЕ СЕ ТРЧА 15. ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН НА ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ

03.05.2019 Неколку илјади маратонци, полумаратонци и рекреативци утре ќе истрчаат на градските улици и ќе учествуваат во 15. Виз Ер Скопски маратон, најмасовната и најатрактивната спортска манифестација во земјава. Деталите поврзани со годинешната трка на денешната прес-конференција ги соопштија...

Повеќе

ОТСТРАНЕТИ 150 КУБИЦИ ОТПАД ОД ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ВО АЕРОДРОМ И ВО КИСЕЛА ВОДА

02.05.2019 Екипите на ЈП „Комунална хигиена“, по налог на Град Скопје, денеска спроведоа акција за расчистување диви депонии во населбата Горно Лисиче, на границата меѓу општините Аеродром и Кисела Вода.

Повеќе

ПОЕВТИНОТО ПАРНО ГРЕЕЊЕ ЌЕ ГИ ВРАТИ ИСКЛУЧЕНИТЕ И ЌЕ ДОНЕСЕ НОВИ КОРИСНИЦИ

02.05.2019 Секретарот на Град Скопје Викторија Аврамовска Мадиќ, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, и претставници од Владата, денеска учествуваа на состанокот на Интересорската работна група за животна средина, што се одржа во Клубот на пратеници.

Повеќе

ГРАД СКОПЈЕ: ДА СЕ ЗАЧУВА ЗЕЛЕНИЛОТО И УРБАНАТА ОПРЕМА

30.04.2019 Во пресрет на Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај, екипите на Град Скопје деновиве ги чистеа видиковците, јавните зелени површини на излетничките места и во парковите.

Повеќе

25.04.2019 Сто и педесет садници беа засадени во близина на воениот стадион во Градскиот парк, во денешната акција за зазеленување на кејот на реката Вардар. Во акцијата за засадување учествуваа припадници на Армијата на Република Северна Македонија...

Повеќе

ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ

24.04.2019 Градот Скопје ги известува граѓаните дека терестричната дезинсекција (прва фаза) на подрачјето на Град Скопје против ларви од комарци, ќе се изврши утре, 25.04.2019 година (четврток), во периодот од 8 до 17 часот.

Повеќе

МАСОВНА АКЦИЈА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ВО СКОПЈЕ

24.04.2019 Неколку илјади граѓани, вработени во градската администрација, општините и јавните претпријатија, студенти од сите скопски универзитети, претставници од невладиниот сектор и од дипломатските претставништва, како и ученици во средните и од основните училишта се вклучија во масовната акција...

Повеќе

КРАТОК ЕКО-ЧАС ВО ЕДУКАТИВНИОТ ЦЕНТАР НА ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА

22.04.2019 Во организација на Град Скопје, денеска по повод Денот на планетата Земја во Едукативниот центар на Зоолошката градина се одржа краток еко-час на тема „Вредноста на дивите видови“.

Повеќе

СЛИКАРСКО ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТИЛНИЦА ,,REBREATHSK" ВО БОТАНИЧКА ГРАДИНА

22.04.2019 Градот Скопје како партнер во мрежата на Европските градови на уметничко творештво, давајќи им поддршка на младите уметници ја продолжува реализацијата на активностите на проектот ,,CreArt “. ...

Повеќе