ПЕТТО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО ЧЕТВРТОК 09.7.2019
.jpg)
Градот Скопје ги известува граѓаните дека во четврток, на 11.07.2019 година, на подрачјето на градот Скопје, ќе изврши авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци.
Имено, авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје ќе се одвива на 11.07.2019 година (четврток) во раните утрински часови, а во текот на денот, ќе се изврши и терестрична дезинсекција.
Доколку временските услови во наведените денови не се поволни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Градот Скопје досега има извршено три прскања (авионско и терестрично) против возрасни форми на комарци и едно прскање (авионско и терестрично) против ларви од комарци.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
.jpg)
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
