ОБЈАВЕН ЈАВНИОТ ПОВИК  ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ И АКТИВНОСТИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА ВО ГРАД СКОПЈЕ

21.09.2018 Град Скопје, го објави Јавниот повик за финансирање проекти и активности од областа на културата

Повеќе

ШИЛЕГОВ: ЧАИР ДОБИ НОВ ПАРК ПО ДОЛГО ВРЕМЕ

21.09.2018 Промоцијата на новата зелена јавна површина - нов парк

Повеќе

ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИ И ЗДРУЖЕНА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ВО ПРЕСРЕТ НА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА ВО СКОПЈЕ

21.09.2018 Aнгажирани над 100 дополнителни работници, со цел да се подигне хигиената низ нашиот град

Повеќе

ПОЧНА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2018

21.09.2018 Со одржувањето на велопикник и велоекспо денеска на Средно Водно започна Европската недела на мобилност 2018

Повеќе

РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ: ГРАД СКОПЈЕ СО НАМАЛЕНИ РАСХОДИ И НОВИ ПРОЕКТИ

21.09.2018
На следната седница на Советот на Град Скопје ќе биде разгледуван Предлог за изменување на Буџетот на Град Скопје за 2018 година со кој е предвидена рационализација на трошењето на буџетските средства. Во таа насока Буџетот на Градот за 2018 година ќе биде намален вкупно за 346 милиони денари. Со други зборови наместо предвидените 4,23 милијарди Град Скопје во текот на 2018 година со овој ребаланс планира да потроши вкупно 3,88 милијарди денари.

Повеќе

ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТА ВО ФОКУСОТ НА ДЕНЕШНОТО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЕНМ 2018

20.09.2018
Одбележувањето на Европската недела на мобилност 2018 денеска продолжи со традиционалниот саем во Техничкиот кампус на електрични возила со презентации на електроавтомобили и е-скутери, како и презентација на фирми што користат електрични и хибридни возила. Учесниците и посетителите на саемот имаа можност да се придружат на електроконвојот што возеше до Порта Македонија.

Повеќе

КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ВО ФОКУСОТ НА ПРВИОТ ДЕН ОД ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2018

20.09.2018
Животната средина и климатски промени беа темите на презентациите што денеска се одржаа во ЕУ Инфоцентарот, како дел од активностите во првиот ден од Европската недела на мобилност 2018. На презентацијата акцент беше ставен на активностите на Град Скопје - новата веб-страница за животна средина, инвентарот на стакленички гасови за Град Скопје, проектот Зелени кули и пилот проектот за намалување на урбаните топлотни острови.

Повеќе

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА ВО ВРСКА СО НЕМИЛИОТ НАСТАН ВО БЛИЗИНА НА „СКОПЈАНКА“ ВО АЕРОДРОМ

20.09.2018 Благодарност до Противпожарната бригада, Комунална хигиена, МВР, АРМ и до Центарот за социјални работи

Повеќе

ТАЈНИТЕ КУПУВАЧИ ВО ПОТРАГА ПО НАЈДОБРИОТ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ ВО СКОПЈЕ

20.09.2018
Ве известуваме дека и годинава Град Скопје ја продолжува традицијата и по единаесетти пат избираат „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите“. За реализација на овој проект избрани се 50 ресторани, 50 гостилници и 70 кафе барови на територијата на градот Скопје, кои со вкупно 510 посети од независни и објективни тајни купувачи ќе бидат оценети според неколку критериуми: прв контакт со гостите, хигиена на објектите, изглед и хигиена на тоалетите, амбиент на објектите, услуга на келнерите, квалитет на храната и завршен контакт со гостите.

Повеќе

ВЕЛОСИПЕДСКИОТ СООБРАЌАЈ И ЗЕЛЕНИЛОТО ВО ФОКУСОТ НА ДЕНЕШНОТО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЕНМ 2018

20.09.2018
Одбележувањето на Европската недела на мобилност 2018 денеска продолжи со серија предавања за учениците од СУГС „Боро Петрушевски“ за развојот на велосипедскиот сообраќај во европските земји, за пилот проектот за намалување на урбаните топлотни острови и за безбедноста во велосипедскиот сообраќај. Ученици и професори од СУГС „Боро Петрушевски“ денеска беа во посета и на Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС).

Повеќе

Јавен повик за финансирање проекти и активности од областа на културата

19.09.2018
ОБЈАВЕН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ И АКТИВНОСТИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА ВО ГРАД СКОПЈЕ

Повеќе

ПРОМОВИРАНО ЕДНО ОД НАЈМАРКАТНИТЕ ДЕЛА ОД ОБЛАСТА НА УРБАНИЗМОТ НА ЈАН ГЕЛ

19.09.2018
Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, заедно со претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, Миле Димитровски и амбасадорот на Данска, В.Е Андерс Хоугард, денеска присуствуваа на промоција на книгата Градови за луѓе од професорот Јан Гел, една од најмаркантните светски дела од областа на урбанизмот.

Повеќе

ГРАД СКОПЈЕ ПОСТАВИ ДИГИТАЛНИ МЕРАЧИ НА БРЗИНА ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ

19.09.2018
За да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се намали бројот на сообраќајни незгоди Градот Скопје постави дигитални мерачи на брзина пред средните училишта „Јосип Броз Тито“, „Панче Караѓозов“, „Здравко Цветковски, „Марија Кири Склодовска“ и „Боро Петрушевски“. На денешната промоција на дигиталните мерачи кои се донација од компанијата „Сава осигурување“ присуствуваше градоначалникот Шилегов.

Повеќе

„ВОДОВОД“ СО ЗГОЛЕМЕНИ ПРИХОДИ И НАМАЛЕНИ РАСХОДИ СПОРЕДЕНО СО МИНАТАТА ГОДИНА

19.09.2018
Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ во првите шест месеци од 2018 година имале 8.547 интервенции на водоводната мрежа во градот, односно ја реконструирале водоводната мрежа или изградиле нова мрежа на 33 делници во градот, санирале дефекти на водоводните линии, менувале водомери и други зафати.

Повеќе

ВО ТЕК Е КОНКУРСОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА 13 НОЕМВРИ

19.09.2018
Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје во јуни го распиша Конкурсот за доделување на оваа награда за 2018 година. Ги потсетуваме граѓаните дека Конкурсот е во тек и пријавите за Наградата со образложение и кратка биографија се поднесуваат до Одборот за доделување на наградата заклучно со 10 септември 2018 година, (архива–барака број 16 на Град Скопје, бул.„Илинден“ бр. 82, Градски парк).

Повеќе

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНСКИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА ЗА ЈАВНАТА ДЕБАТА ЗА ГАСОВОДОТ НА ВОДНО

19.09.2018
Голем број граѓани и граѓански здруженија денеска присуствуваа и учествуваа во јавната дебата што ја организира Градот Скопје во врска со изградбата на гасоводот на Водно. Дебатата имаше за цел да помогне во расветлувањето на многубројните дилеми и прашања за овој проект што се појавија во јавноста и кои предизвикаа загриженост кај граѓаните и кај здруженијата за заштита на средината.

Повеќе

СУГС „САРАЈ“ ЌЕ ДОБИЕ УЧИЛИШНА СПОРТСКА САЛА

19.09.2018
Средното училиште на Град Скопје „Сарај“ ќе има нова училишна спортска сала во која ќе се изведува наставата по физичко образование. На почетокот на изградбата на новиот спортски објект денеска присуствуваа градоначалникот Шилегов, премиерот Зоран Заев, министерот за образование Арбер Адеми, градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Повеќе

СО ПРОМОЦИЈА НА ОДРЖЛИВА ТУРИСТИЧКА ТУРА ДО МАТКА ПРОДОЛЖИ ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2018

18.09.2018
За ученици и професори од СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ денеска се одржа промоција на одржлива туристичка тура до Матка – со автобус, изнајмување велосипед, посета на Музејот на ЕВН на Матка и на црквата „Свети Андреа“, туристичко возење по езерото со кајче и разгледување на кањонот и враќање кон Скопје повторно со автобус. Турата беше дел од активностите на Град Скопје за одбележување на Европската недела на мобилност 2018.

Повеќе

РЕАКЦИЈА

18.09.2018
Стручните служби на Град Скопје ќе ја разгледаат иницијативата поднесена од Општина Аеродром за изнаоѓање ново сообраќајно решение на булеварот Србија и во соработка со Министерството за внатрешни работи, во рамките на законските можности, ќе го понудат најдоброто и најбезбедното решение за овој долгогодишен проблем.

Повеќе

ПИВОЛЕНД ПРЕРАСНУВА ВО „SKOPJE BEER FEST“

17.09.2018
Оваа година традиционалниот „Гурмански викенд во Скопје – Пиволенд“ со нов концепт, ново интернационално име „Skopje Beer Fest“, нова локација, како и нови културно забавни содржини за љубителите на пивото.

Повеќе