12.09.2018 <p>Советот на Град Скопје на денешната 15-та седница ќе расправа за поголем број извештаи за работата на Градот Скопје и на јавните претпријатија за првите шест месеци од 2018 година, кои покажуваат добра финансиска кондиција на градот и на претпријатијата. За првите шест месеци, согласно со Извештајот за извршување на буџетот на Град Скопје за 2018 година за периодот 01.01 – 30.06.2018 година, остварени се приходи и други приливи во износ од 2,2 милијарди денари, што претставува остварување од 36 проценти во однос на планот за 2018 година.</p>