НАГРАДЕНИ НАЈДОБРИОТ ПОЖАРНИКАР, ПОЛИЦАЕЦ И КРВОДАРИТЕЛ ЗА 2018 ГОДИНА 27.12.2018
Градоначалникот Шилегов денеска ги додели наградите на најдобриот пожарникар, полициски службеник и крводарител во Скопје за 2018 година.
- Хуманоста е општествена вредност. Таа е дел од нашите принципи. Таа е дел од нашата етика. Скопје е Град на солидарноста и како таков ги негува традициите на хуманост и солидарност кон сите оние на кои им е потребна помош. За таа цел Град Скопје дополнително ги мотивира оние што најмногу придонеле за промоција на хуманоста со своите дела и доделува награди за најдобар полициски службеник, пожарникар и крводарител. Сметам дека оваа награда освен за лична мотивација ќе послужи и како добар пример во средината во која живеете и работите – рече Шилегов.

За своите заслуги во работењето и за својата пожртвуваност награди денеска добија:
- Елвис Далипи, од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје - награда за најдобар пожарникар за 2018 година.
- Бранимир Китановиќ, вработен во Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи – Скопје - награда за најдобар полицаец.
- Тони Ставревски, истакнат крводарител кој до својата 50-та година има дарувано крв 102 пати - награда за крводарител на годината.

- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
