ПОКАНА

05.01.2017 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска /05.01.2017 година, четврток/ во 14 часот, ќе го посети пунктот на ЈП „Улици и патишта“ и зимската служба, лоциран во Кисела Вода (поранешна последна автобуска станица број 24).

Повеќе

ЗАПОЧНА ТРЕТИРАЊЕТО НА ГРАДСКИТЕ СООБРАЌАЈНИЦИ СО КАЛЦИУМ МАГНЕЗИУМ АЦЕТАТ

05.01.2017 Градот Скопје од вечерва /24.12.2016 година, сабота/ започна со третирањето на градските сообраќајници со Калциум магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.

Повеќе

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ ЌЕ ГО ПОСЕТИ ПРВОТО БЕБЕ

31.12.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, утре /01.01.2017 година, недела/ во 12 часот ќе го посети првото бебе што ќе се роди во Скопје во Новата година. Информација за тоа каде е родено првото бебе во Скопје може да се добие на телефонскиот број 195, во Центарот за управување со кризи.

Повеќе

ДЕДО МРАЗ ЌЕ ГО ПОСЕТИ НОВОГОДИШНИОТ БАЗАР„ПОДАРИ СРЕЌА“

30.12.2016 Утре /31.12.2016 година, сабота/ е последниот ден од овогодинешниот Новогодишен базар „Подари среќа“, кој со своите бројни содржини ги забавуваше скопјани изминативе 7 дена.

Повеќе

НАГРАДЕНИ НАЈДОБРИТЕ ОД МАНИФЕСТАЦИЈАТА НОВОГОДИШНИ БОИ НА СКОПЈЕ 2016

29.12.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /29.12.2016 година/ им ги врачи признанијата на годинешните добитници на наградите во четирите категории од манифестација „Новогодишни бои на Скопје 2016“.

Повеќе

СЕ ОДРЖА ТРАДИЦИОНАЛНАТА ТРКА НА ДЕДО МРАЗОВЦИ ВО СКОПЈЕ

25.12.2016 Денеска /25.12.2016 година, недела/ во Скопје се одржа традиционалната Дедо Мразовска трка, чии старт и цел беа на плоштадот „Македонија“. Дедомразовците во третата трка од овој вид, трчаа на траса долга 2 километри, каде стартуваа од плоштадот „Македонија“

Повеќе

ОД ДЕНЕС НА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА НОВОГОДИШЕН БАЗАР “ПОДАРИ СРЕЌА”

24.12.2016 Градот Скопје и Конгресниот центар „Александар Македонски“ и оваа година подготвија интересна содржина за жителите и посетителите на Скопје, каде од денеска /24.12.2016 година, сабота/ на улица „Македонија“, под мотото „Подари среќа“ ќе биде отворен Новогодишниот базар.

Повеќе

ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДСКИТЕ ПАТЕКИ ОД РУТА 2

24.12.2016 Продолжуваат активностите за реконструкција и изградба на велосипедските патеки во Скопје, преку реализација на проектите од проектот „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“.

Повеќе

АКЦИИ НА ЕКИПИТЕ НА ГРАДОТ НИЗ ОПШТИНИТЕ

23.12.2016 Градот Скопје во текот на изминативе три дена (19, 20 и 21 декември) спроведе вонредна акција во која беа вклучени екипи на јавните претпријатија на Градот, односно вработени од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, ЈП „Водовод и канализација“ и ЈП „Паркови и зеленило“.

Повеќе

СЕ ПОСТАВУВААТ НОВИ СВЕТЛОСНИ СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ

21.12.2016 Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ деновиве поставуваат нови светлосни знаци на порталните столбови на градските крстосници. Нови знаци се веќе поставени на крстосницата на булеварот ВМРО со булеварот Гоце Делчев, а замената на старите со нови знаци ќе продолжи и на улицата Радишанска

Повеќе

ТРАЈАНОВСКИ ГО ПОСЕТИ СОС ДЕТСКОТО СЕЛО

20.12.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска /20.12.2016 година, вторник/ го посети детското СОС село. Оваа посета градоначалникот Трајановски традиционално ја прави во пресрет на новогодишните и божиќните празници, каде на децата им подели новогодишни пакетчиња.

Повеќе

ПАРАДНО КОНЦЕРТИРАЊЕ НА ГРАДСКИОТ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР ПО ПОВОД 23 ОКТОМВРИ

21.10.2016 Градскиот дувачки оркестар на 23 октомври 2016 година (недела), по повод празникот 23 Октомври, со почеток во 11 часот ќе одржи парадно дефиле низ улиците на Скопје со познатите таканаречени „Чекорници“.

Повеќе

ДОСТАВЕНИ 242 БАРАЊА ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ

19.10.2016 Комисијата на Град Скопје ги известува заинтересираните граѓани, дека е во тек теренска проверка на доставените барања за субвенционирање на дел од трошоците за набавка на печките на пелети.

Повеќе

ДОСТАВЕНИ 218 БАРАЊА ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ  ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ

18.10.2016 Заклучно со денешниот ден до архивата на Град Скопје се доставени 218 барања за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети.

Повеќе

ДОСТАВЕНИ 120 БАРАЊА ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ

14.10.2016 Во изминатите три дена, до архивата на Град Скопје се доставени 120 барања за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети.

Повеќе

ПОКАНА

14.10.2016 Утре /15.10.2016 година, сабота/ во ВЕРО ЦЕНТАР по осми пат ќе се одржи традиционалната манифестацијата „ИНТЕРСКОПКЕЈКС 2016″. Манифестацијата е организирана од Град Скопје во соработка со Хуманитарната организација ХОА – Ангелчиња.

Повеќе

ПОЧНА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА КУПУВАЊЕ  ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ

12.10.2016 Од денеска /12.10.2016/ почнува пријавувањето за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети за 2016 година.

Повеќе

ПОЛОЖЕНО ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕНИЦИТЕ НА МЕТОДИЈА А. ЧЕНТО И СПОМЕНИКОТ НА ПАДНАТИТЕ ХЕРОИ ЗА МАКЕДОНИЈА

11.10.2016 Делегација на Град Скопје во чест на големиот македонски државен празник 11 Октомври, денеска /11.10.2016 година, вторник/ положија цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто на Плоштадот Македонија и на Споменикот на паднатите херои за Македонија, во паркот „Жена борец“.

Повеќе

ПОЧНА ВТОРАТА ФАЗА ОД ИЗГРАДБАТА НА ИНФРАСТРУКТУРАТА НА УЛИЦАТА НИКОЛА КИРОВ МАЈСКИ

07.10.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, денеска /07.10.2016 година/ го означија почетокот на втората фаза од изградбата на инфраструктурата на улицата Никола Киров Мајски и улицата 5 во населбата Хиподром 2.

Повеќе

СЕ ОДРЖУВА ФЕСТИВАЛОТ НА ОРГАНСКА ХРАНА

07.10.2016 Денеска /07.10.2016 година/ на плоштадот „Македонија“ од 10 до 18 часот традиционално, по шести пат, се одржува „Фестивалот на органска храна“.

Повеќе