ТРЕТО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ ЛАРВИ НА КОМАРЦИ

15.09.2016 Градот Скопје ги известува граѓаните дека третиот наврат од авионската и од терестричната дезинсекција против ларви од комарци во 2016 година ќе се реализира на 17.09.2016 година (авионска), а на 19.09.2016 година (терестрично) на подрачјето на град Скопје, односно:

Повеќе

НЕДЕЛНА МУЗИЧКА ПРОМЕНАДА НА ГРАДСКИ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР

15.09.2016 Градскиот дувачки оркестар на 18 септември 2016 година (недела), со почеток во 10:30 часот, ќе одржи променаден концерт со познатите таканаречени „Чекорници“. Музичарите ќе тргнат од пред Музеј на град Скопје кон улица „Македонија“ и ќе се движат до плоштадот „Македонија".

Повеќе

ПОКАНА

15.09.2016 Градот Скопје Ве поканува на отворањето на Европската недела на мобилност 2016, неделата посветена на одржливиот урбан транспорт, што е закажано за утре /16.09.2016 година, петок/ во 10 часот, во Салата на Советот на Град Скопје (барака број 13).

Повеќе

18.10.2016

15.09.2016 КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА ЗА 2017 ГОДИНА

Повеќе

41-ТО ИЗДАНИЕ НА МЛАД ОТВОРЕН ТЕАТАР

14.09.2016 Од 21 до 27 септември сите љубителите на театарската уметност ќе можат да уживаат следејќи ја програмата на 41-то издание на фестивалот Млад отворен театар, во организација на Младински културен центар, а под покровителство на Град Скопје и Министерството за култура на Република Македонија.

Повеќе

БОГАТА ПРОГРАМА НА „ЗВУЦИТЕ НА ЧАРШИЈАТА 2016“  И НА „СИТЕ ЗАЕДНО“

14.09.2016 На тесните улички на Старата скопска чаршија утре /15 септември, четврток/ и на 16 септември, петок, ќе се одржат манифестациите „Звуците на чаршијата“ и „Сите заедно“„ тие ќе бидат домаќини на голем број уметници кои ќе творат и ќе ги забавуваат скопјани.

Повеќе

НОВ ВРЕМЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА УЛИЦА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

14.09.2016 Градот Скопје ги известува граѓаните дека почнувајќи од четврток (15.09.2016 год.) ќе почне со изведување градежни активности на дел од улицата „Ѓорче Петров“, во насока од Дексион кон Центар, и за таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај.

Повеќе

РАЗНОВИДНА ПРОГРАМА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2016

13.09.2016 Градот Скопје и годинава ќе се приклучи кон големото семејство градови кои ја одбележуваат Европската недела на мобилноста 2016 и со низа активности ќе ги одбележи деновите на алтернативната и одржлива мобилност.

Повеќе

ОБУКАТА НАМЕНЕТА ЗА ИНДУСТРИЈАТА ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ

12.09.2016 Во среда /14.09.2016 година/ во 12 часот, во салата на Советот на Град Скопје (бул.Илинден бр.82, барака 14) Градот Скопје ќе организира обука наменета за индустријата за храна и пијалаци, на тема „Претворање на неискористен отпад од храна во биометан обезбеден преку локална мрежа на пумпни станици“

Повеќе

 ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ ЗА ПРАЗНИКОТ КУРБАН БАЈРАМ

12.09.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на сите верници од исламска вероисповед им го честита големиот празник Kурбан Бајрам, и им посакува здравје, среќа и семејна хармонија.

Повеќе

ЦЕЛОСНО МОБИЛИЗИРАНИ ЕКИПИТЕ НА ГРАДСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

11.09.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски вечерва /11.09.2016 година, недела/ одржа состанок со градоначалниците на општините на Град Скопје, нивни претставници, директорите на јавните претпријатија на Град Скопје и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје

Повеќе

АКТИВИРАН ГРАДСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

11.09.2016 По првиот земјотрес којшто денеска /11.09.2016 година, недела/ го погоди Скопје во 6:58 часот наутро, веднаш се активираше Градскиот штаб за заштита и спасување.

Повеќе

11.09.2016

11.09.2016 ТАТКОВИНСКА ПРОСЛАВА ПО ПОВОД КАНОНИЗАЦИЈАТА НА МАЈКА ТЕРЕЗА

Повеќе

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПАТОТ СРЕДНО ВОДНО – НЕРЕЗИ

10.09.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски и директорите на јавните претпријатија за патишта Александар Стојанов и Гајур Кадриу денеска /09.09.2016 година, сабота/ присуствуваа на почетокот на реконструкцијата на регионалниот пат Средно Водно

Повеќе

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈA ОД ФРАНЦИЈА

09.09.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /09.09.2016 година, петок/ оствари средба со делегација од Комисијата за економска експанзија на департманот Val d Oise (CEEVO), Франција, предовдена од претседетелот на комитетот, Филип Суер (Philippe Sueur).

Повеќе

ДЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАДОТ СКОПЈЕ ПОЛОЖИ ЦВЕЌИЊА ПРЕД СПОМЕНИКОТ „ПАДНАТИ ХЕРОИ ЗА МАКЕДОНИЈА“

08.09.2016 Делегација на Град Скопје, составена од Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, во чест на големиот македонски државен празник 8.Септември, денеска /08.09.2016 година/ положија цвеќиња пред споменикот „Паднати херои за Македонија“

Повеќе

РЕВИЈА НА НАРОДНИ НОСИИ ОД СКОПСКИОТ РЕГИОН

07.09.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /07.09.2016 година/ ја отвори манифестацијата „Ревија на народни носии од Скопскиот регион", што се одржа на Факултетот за ликовна уметност во Сули Ан, а ја организираше Градот Скопје во соработка со Здружението на уметници ракотворци АРТИ

Повеќе

УТРЕ „БЕЛА НОЌ“ НА ГРАД СКОПЈЕ

06.09.2016 По повод 25 години од независноста на нашата држава и Градот Скопје ќе учествува во одбележувањето на 8 Септември, еден од најзначајните датуми од историјата на Република Македонија, преку вклучуваање на своите културни институции.

Повеќе

ПАРАДНО КОНЦЕРТИРАЊЕ НА ГРАДСКИОТ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР ПО ПОВОД 8 СЕПТЕМВРИ

06.09.2016 Утре /7 септември, среда/ по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, со почеток во 18 часот, Градскиот дувачки оркестар при Младинскиот културен центар, ќе одржи парадно дефиле низ улиците на Скопје.

Повеќе

МЕДАЛИ ЗА НАЈДОБРИТЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО ОДБОЈКА НА ПЕСОК

05.09.2016 Одбојкарската двојка Беренс/Гленцке од Германија триумфираше на седмиот по ред меѓународен турнир во одбојка на песок „2016 CEV BEACH VOLLEYBALL WOMEN SATELLITE SKOPJE“ во женска конкуренција, што од 1 до 4 септември се играше на терените на Градската плажа „Парк“.

Повеќе