ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ ГО ПОСЕТИ ПРВОТО РОДЕНО БЕБЕ ВО СКОПЈЕ ВО 2017 ГОДИНА 09.1.2017
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и министерот за здравство, Нокола Тодоров денеска /01.01.2017 година, недела/ во ЈЗУ Специјална болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ - Чаир го посетија првото бебе кое се роди во Новата 2017 година.
Првороденото бебе во Скопје во 2017 година е родено рано утрово во 04:15 часот во ЈЗУ Специјална болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ - Чаир. Машкото бебе е тешко 3 килограми и 400 грама и долго 53 сантиметри. Мајката Нуредини Рамадан Хикмет е родена 1991 година и ова и е прво дете.
Градоначалникот Трајановски на мајката и семејството им честита за првото дете, посекувајќи му здравје и среќа. Тој на семејството им ја честита Новата година и им подари штедна книшка со 20.000 денари и други пригодни подароци.
Градоначалникот Трајановски ја искористи приликата да им ја честита Новата 2017 година на своите сограѓани и да им пожели добро здравје, среќа, љубов и успех.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
.jpg)
