СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СО БЕЗДОМНИЦИ 10.1.2017
Денеска /03.01.2017 година, вторник/, првиот работен ден од новата 2017 година, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, одржа состанок со бездомни лица коишто се заинтересирани и мотивирани да бидат работно ангажирани.
На состанокот со лицата се разговараше за нивното претходно работно искуство и за можностите за нивно вработување и активно придонесување во општеството.
До сега, во 2016 година со поддршка на Град Скопје, работно се ангажирани 8 лица во јавните претпријатија, а таа практика Градот планираме и во иднина да ја продолжи и да им помага на оваа категорија граѓани.
Со континуирана грижа и вработување на нови лица значително се подобрува квалитетот на животот на овие граѓани во ризик, жители на Град Скопје.
На состанокот активно учествуваше и претставник на Црвен крст на Град Скопје, координатор на активностите на Пунктот за бездомни лица во Момин Поток, кој, исто така, секоја година е поддржан со 500.000 денари од Буџетот на Град Скопје.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
.jpg)
