СЕ РЕКОНСТРУИРА ПАРКИРАЛИШТЕТО КАЈ ХИРУРШКАТА КЛИНИКА „СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“

20.05.2016 Градежните работи за уредување и реконструкција на паркинг-просторот кај хируршката клиника „Свети Наум Охридски“ (поранешната Градска болница) се во тек.

Повеќе

ВО ПЕТОК МАТУРСКА ПАРАДА НА ПЛОШТАДОТ „МАКЕДОНИЈА“

20.05.2016 Плоштадот „Македонија“ во петок /20.05.2016 година/ во 12 часот повторно ќе пулсира во ритамот на танцот квадрил кој што ќе го одиграат скопските матуранти, како дел од манифестацијата „Матурска парада 2016“.

Повеќе

ПОКАНА

20.05.2016 Утре /20.05.2016 година, петок/ во 11:45 часот, на Плоштад Македонија, пред учесниците на манифестацијата „Матурска парада 2016“ ќе им се обрати градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Повеќе

КАРАТЕ ТУРНИР „СОЛИДАРНОСТ ОПЕН 2016“

19.05.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски во спортската сала во ООУ „Наум Наумовски Борче“, денеска /08.05.2016 година, недела/ присуствуваа на меѓународниот карате турнир „Солидарност Опен 2016“.

Повеќе

ПРОЛЕТЕН БАЗАР НА ДОМАШНИ РАКОТВОРБИ 2016

19.05.2016 Градот Скопје Ве поканува на Пролетниот базар на домашни ракотворби 2016, којшто ќе се одржува на Плоштадот Филип Втори, со почеток во 11 часот, утре и задутре /19 и 20 мај 2016 година, четврток и петок/.

Повеќе

ПОКАНА

19.05.2016 Утре /19.05.2016 година, четврток/ во 11 часот на Плоштадот „Филип Втори“ ќе започне „Пролетниот базар на домашни ракотворби 2016“. Манифестацијата ќе ја отвори градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Повеќе

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД КИНЕСКАТА ОПШТИНА ШИЧЕНГ ОД ПЕКИНГ

19.05.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска /26.04.2016 година/ во кабинетот оствари средба со кинеска делегација од општината Шиченг од Пекинг, НР Кина, предводена од градоначалникот на општината, Ванг Шаофенг.

Повеќе

ОДБЕЛЕЖАНИ 113 ГОДИНA ОД СМРТТА НА ВЕЛИКАНОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

19.05.2016 Денеска, делегација на Градот Скопје, предводена од градоначалникот Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, положија цвеќиња на гробот на нашиот борец за слобода Гоце Делчев, во Црквата Св. Спас во Скопје.

Повеќе

ПРОДОЛЖУВА ПРВОТО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ ВОЗРАСНИ КОМАРЦИ

19.05.2016 Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниов викенд ќе продолжи првиот наврат од авионската и терестричната дезинсекција во 2016 година против возрасни форми на комарци на подрачјето на град Скопје, која поради временските услови беше одложена.

Повеќе

ГРАД СКОПЈЕ И СОЈУЗОТ НА ПЕНЗИОНЕРИ НА ГРАД СКОПЈЕ ПОТПИШАА ГОДИШЕН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА

18.05.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и Сојузот на здруженијата на пензионерите на град Скопје (СЗП), денеска (26.04.2016 година) во клубот на пензионери „Солидарност-Аеродром“ потпишаа годишен договор за соработка.

Повеќе

ПРИЈАВУВАЈТЕ СЕ НА КОНКУРСОТ ЗА НАЈГОЛЕМ ПРИДОНЕС  ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

18.05.2016 Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека е во тек Јавниот конкурс за избор на најеколошка компанија, за најголем придонес во заштитата на животната средина, за најубаво уреден двор на куќа, зграда и институција/стопански објект и најубав состав и цртеж на тема екологија.

Повеќе

ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ ЗА НАЈГОЛЕМ ПРИДОНЕС ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

18.05.2016 Градот Скопје ги известува граѓаните дека е продолжен рокот за пријавување на Јавниот конкурс за избор на најеколошка компанија, за најголем придонес во заштитата на животната средина, за најубаво уреден двор на куќа, зграда и на институција/стопански објект и за најубав состав и цртеж.

Повеќе

ПОКАНА

17.05.2016 Градот Скопје и Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Ве покануваат на прес-конференцијата што ќе се одржи утре /17.05.2016 година, вторник / во 10:30 часот во ЕУ Инфо центарот.

Повеќе

ПРОМОВИРАНИ НОВОИЗГРАДЕНИТЕ И РЕКОНСТРУИРАНИ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ ОД РУТАТА 1

16.05.2016 Со велосипедско дефиле што се возеше по должината на булеварот Илинден, а коешто го предводеше градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /21.03.2016 година/ беа промовирани новоизградените и реконструирани велосипедски патеки од рутата 1, од проектот „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“.

Повеќе

16.05.2016

16.05.2016 ОБЈАВЕН КОНКУРСОТ ЗА НАЈГОЛЕМ ПРИДОНЕС ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА 2016 ГОДИНА

Повеќе

СЕ ИГРААТ ФИНАЛНИТЕ НАТПРЕВАРИ ОД СРЕДНОУЧИЛИШНАТА ЛИГА НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА УЧЕБНАТА 2015/2016 ГОДИНА

16.05.2016 Денеска /12.05.2016 година/ и утре /13.05.2016 година/ се одигруваат финалните натпревари од средноучилишната лига на Град Скопје за учебната 2015/2016 година, во екипните спортови футсал, ракомет, кошарка и одбојка, во машка и во женска конкуренција.

Повеќе

ЌЕ СЕ ЧИСТАТ СПОМЕНИЦИТЕ

16.05.2016 Од утре /14.05.2016 година, сабота/ Градот Скопје ќе почне со чистење на спомениците во паркот „Жена борец“ и на плоштадот „Македонија“, што се во надлежност на Град Скопје. За оваа намена Градот Скопје има ангажирано фирма за одржување и чистење на спомениците.

Повеќе

УТРЕ СЕ ОТВОРА ТРЕТИОТ СКОПСКИ ЦВЕТЕН ФЕСТИВАЛ

14.05.2016 Градот Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ Ве покануваат на отворањето на третиот по ред Скопски цветен фестивал кое што е закажано за утре /14.05.2016 година, сабота/ во 11 часот, во вториот дел од Градскиот парк, на просторот наспроти „Паркот за миленици“.

Повеќе

ИЛЈАДНИЦИ ЦВЕТОВИ И ЦВЕТНИ АРАНЖМАНИ ГО УКРАСИЈА ГРАДСКИОТ ПАРК

14.05.2016 Третото издание на Скопскиот цветен фестивал кој што денеска и утре (14.05 и 15.05) се одржува во вториот дел од Градскиот парк, на просторот наспроти „Паркот за миленици“, го привлече вниманието на огромен број граѓани кои имаа можност да купат цвеќе и цветни аранжмани

Повеќе

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈУСПЕШНИТЕ УЧИЛИШНИ ТИМОВИ НА НАТПРЕВАРОТ ЗА НАЈДОБРА БИЗНИС СОЦИЈАЛНА ИДЕЈА

13.05.2016 Во Салата на Советот на Град Скопје, денеска (25.04.2016 година), Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, свечено им ги врачи наградите на училишните тимови-победници на натпреварот за најдобра социјално-претприемачка идеја.

Повеќе