МАТУРАНТИТЕ ИГРАА КВАДРИЛ НА ПЛОШТАДОТ „МАКЕДОНИЈА“ 02.6.2016
На плоштадот „Македонија“ денеска /20.05.2016 година/ по десетти јубилеен пат се одржа „Матурска парада 2016“, а матурантите од Скопје точно напладне, заедно со своите врсници од повеќе градови од земјава и од Европа, го одиграа танцот „квадрил“ на звуците на штраусовата опера „Лилјакот“.
„Матурската парада“ ја отвори градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
- Матуранти, со завршувањето на средното обрзование, пред вас стојат многу можности, Ви пожелувам да ги искористите новите предизвици кои, искрено се надевам, ќе успеете да ги совладате со својот младешки елан, енергија и ентузијазам. Вие денеска, како учесници во интернационалниот проект „Матурска парада“ ќе се поврзете со уште стотици и
илјадници матуранти од повеќе европски градови и ќе се приклучите на новата армија млади луѓе кои ги следат новите текови на прославување, но и на обединување. Се надеваме дека Вашиот пример ќе го следат идните генерации матуранти, кои ќе ја продолжат традицијата и ќе ја пренесуваат пораката за мир и толеранција во светот. Ви пожелувам среќа и успех во чекорењето на патот кон светот на возрасните, во освојувањето на придобивките од личната и заедничката слобода, во славењето на младоста и уживањето во животот - истакна при отворањето на манифестацијата градоначалникот Трајановски.
На годинешната „Матурска парада” во Скопје учествуваа повеќе од 1.000 ученици од 20 средни училишта во Скопје, како и матуранти од Охрид, Струга, Струмица, Валандово, Гевгелија и Неготино.
Пред започнувањето на танцот „квадрил“, матурантите положија заклетва за ненасилство и толеранција.
Организатори на годинешнава Матурска парада се Дирекцијата за култура и уметност на Скопје во соработка со танцовиот клуб „Ритам плус“, а покровител на манифестацијата е Градот Скопје. Поддржувач на оваа традиционална манифестација е Делегацијата на Европската унија во Република Македонија.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa

