СКОПЈЕ ДОБИВА ЛЕГАЛНИ ЅИДОВИ ЗА СЛОБОДНО КОРИСТЕЊЕ НА УЛИЧНИТЕ УМЕТНИЦИ

25.07.2021 Како дел од активностите на кандидатурата на Град Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“, назначени се две локации за легални ѕидови за слободно користење од уличните уметници за пишување и цртање графити, сликање мурали, тагови и слично.

Повеќе

СКОПЈЕ ГОДИНАВА ОДБЕЛЕЖУВА 58 ГОДИНИ ОД КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС

24.07.2021 Скопје и годинава со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога градот се разбуди во урнатини под кои 1.070 лица го загубија животот, а 3.000 беа повредени.

Повеќе

БУЛЕВАР АСНОМ ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ И ПРОБИВА НИЗ КЕРАМИДНИЦА КОН АЕРОДРОМ

24.07.2021 Третата и последна фаза од изградбата на новиот бул. АСНОМ опфаќа изградба на булевар на потег од крстосницата со булеварот Гоце Делчев до објектот на поранешен Пролетер во населбата Керамидница.

Повеќе

СКОПЈЕ ЈА ДОБИ И ВТОРАТА ТАРТАН ПАТЕКА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

24.07.2021 По позитивното искуство од првата патека, граѓаните на Скопје од денес имаат можност да се рекреираат и на втората тартан патека што е оформена околу големото езеро во вториот дел од Градскиот парк, во еден од најживописните делови на паркот.

Повеќе

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 223 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

23.07.2021 Во текот на изминатата недела (15.07 - 22.07.2021 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 223 возила од јавните површини.

Повеќе

АРХАНГЕЛ И ФИЛХАРМОНИЈА СО БЕСПЛАТЕН КОНЦЕРТ ЗА 26 ЈУЛИ ВО ГРАДСКИ ПАРК

23.07.2021 Во рамки на програмата за одбележување на 58-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, на 26 јули во 21 часот во Градскиот парк, ќе се одржи концерт на Филхармонија на РСМ и „Архангел“, насловен како „Филхармонија и Архангел за Скопје“.

Повеќе

ПЛАКЕТИ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ НА СВЕТСКИОТ НАТПРЕВАР ЗА НАУКА, ЖИВОТНА СРЕДИНА И ИНЖЕНЕРСТВО

23.07.2021 Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска се сретна со учесниците на Светскиот натпревар за наука, животна средина и инженерство (WSEEC) во паркот „Ибни Пајко“.

Повеќе

ПРОМОВИРАН ПРОЕКТОТ ЗА КОМПЛЕКСОТ ПЛАНЕТ ВО ОПШТИНА САРАЈ

22.07.2021 Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска присуствуваше на промоцијата на проектот на Комплексот Планет во Сарај.

Повеќе

НОВ ЛИК ЗА ШЕТАЛИШТЕТО КАЈ ЖАБАРОТ

22.07.2021 Град Скопје ја заврши целосната реконструкција на шеталиштето пред Градски парк, од потегот кај скопската гостилница „Кај Жабарот“ па се до почетокот на влезот во градскиот парк, кај Министерството за земјоделие, веднаш спроти паркот на Франкофонијата.

Повеќе

ВО ТЕК Е РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА ЛУКА ГЕРОВ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

21.07.2021 Денеска почнаа градежните работи од реконструкцијата на улицата Лука Геров во населбата Даме Груев, општина Ѓорче Петров, на потегот од надвозникот до воениот отпад.

Повеќе

ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК, ПРОЕКТОТ ОД 18 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ БИДЕ  ЗАВРШЕН ВО 2023 ГОДИНА

20.07.2021 Денеска започна реализацијата на уште еден голем инфраструктурен проект за Скопје – изведбата на клучката кај Момин Поток, која е една од двете главни рути што ги поврзуваат северниот и јужниот дел од градот. На почетокот на градежните работи се обрати градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Повеќе

ПАРКИНГОТ НА ВОДНО ВО ТЕКОТ НА ВИКЕНДОТ ГО ИСКОРИСТИЛЕ  110 ВОЗИЛA

19.07.2021 Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

Повеќе

ПОСТАВЕНИ ПОСЕБНИ КОНТЕЈНЕРИ ЗА ОДЛАГАЊЕ НА ОРГАНСКИОТ ОТПАД ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИКОТ КУРБАН БАЈРАМ

19.07.2021 И годинава, по повод празнувањето на верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП „Комунална хигиена“ на повеќе локации во Скопје постави посебни контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад.

Повеќе

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА БУЛЕВАРОТ КИРО ГЛИГОРОВ ВО ГАЗИ БАБА

19.07.2021 Градоначалникот Шилегов денеска одржа прес- конференција на булеварот Киро Глигоров каде што почнаа градежните работи за негова реконструкција на потегот од мостот Близнак до крстосница со улица Перо Наков.

Повеќе

ЗОШТО БРТ СИСТЕМОТ Е НАЈДОБАР ИЗБОР ЗА СКОПЈЕ

18.07.2021 На презентацијата на БРТ системот на брз автобуски превоз во Скопје која се одржа минатата недела, проф. д-р Никола Крстаноски, од Техничкиот факултет Битола разјасни неколку дилеми кои се појавија во јавноста.

Повеќе

ВО СКОПЈЕ ОТВОРЕН НОВИОТ БУЛЕВАР НИКОЛА КАРЕВ ПОД КАСАРНАТА ИЛИНДЕН

17.07.2021 Денеска официјално се пушти во употреба новозавршената делница на булеварот Никола Карев. На прес-конференцијата по повод отворањето на булеварот се обрати градоначалникот Петре Шилегов.

Повеќе

ОТВОРЕН ЗА ПОСЕТИТЕЛИ „ЗАЛИВОТ НА ПИНГВИНИТЕ“ ВО ЗОО ВО СКОПЈЕ

17.07.2021 Градоначалникот Шилегов и директорот на Зоолошката градина во Скопје, Ѓорѓи Галетановски, го отворија пингвинариумот – новото живеалиште на пингвините во ЗОО, кој е наречен „Заливот на пингвините“.

Повеќе

УЧЕНИЦИТЕ ОД ГИМНАЗИЈАТА КОЧО РАЦИН ВО ЦЕЛОСНО РЕКОНСТРУИРАНО УЧИЛИШТЕ ОД СЕПТЕМВРИ

16.07.2021 Градоначалникот Петре Шилегов, заедно со министерката за образование, Мила Царовска одржаа прес- конференција во дворот на училиштето во кое се почнати градежните работи за негова реконструкција.

Повеќе

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 183 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

15.07.2021 Во текот на изминатата недела (8.07 – 14.07.2021 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 183 возила од јавните површини.

Повеќе

ДЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАДОТ СКОПЈЕ ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА ПОДГОРИЦА

14.07.2021 Градоначалникот Петре Шилегов присуствуваше и на приемот што на 12 јули го организираше претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, во Цетиње, по повод Денот на државноста.

Повеќе