15.03.2021Град Скопје ги известува сите даночни и таксени обврзници дека во тек е доставувањето на решенија за данок на имот и комунална такса –фирмарина за тековната 2021 година.
08.03.2021Одлуките за прием на донација на проектно-техничка документација за објект ЈУ„Универзална сала“ – Скопје, како и за изменување и дополнување на одлуките за проектирање, изградба на забавен парк, набавка на опрема - реквизити и нивно монтирање се главните точки за кои ќе расправа...
08.03.2021Од денеска, па се до 26 март, матурантите од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да се запознаат со студиските програми на факултетите и на универзитетите, што ќе им помогне полесно да ја изберат својата идна професија и кариерна ориентација.
05.03.2021Зелената запуштена површина од 2000 метри квадратни на крстосницата помеѓу булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров, во Општина Аеродром, Град Скопје целосно ја преуреди со цел граѓаните да можат со уживање да ги спроведуваат своите редовни секојдневни активности.
05.03.2021На средбата беше посочено дека борбата против корупцијата и криминалот е заедничка, и затоа од исклучителна важност е, во процесот да се вклучат сите чинители и да придонесат со навремено исполнување на задолженијата од Планот.
04.03.2021Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 337 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга.
01.03.2021Градот Скопје и Владата на Република Северна Македонија денеска го промовираа изведбениот проект за реконструкција на Универзалната сала, изработен од архитектот Бујар Муча.
26.02.2021Градот Скопје во соработка со Општината Ѓорче Петров почна голема акција за темелно чистење на кејот на Вардар, на потегот од мостот во Хром до мостот во Сарај во должина од околу 4 километри.
25.02.2021Градоначалникот Шилегов денеска одговарајќи на советничко прашање детално го објасни проектот за уредување на кејот „13 Ноември“, на потегот од градскиот плоштад до улицата Стив Наумов.
24.02.2021Градоначалникот Петре Шилегов, министерката за образование и наука, Мила Царовска и швајцарската амбасадорка Сибил Сутер денеска одржаа консултативна средба со раководствата на скопските средни стручни училишта и со претставници на бизнис заедницата.
23.02.2021Советот на Град Скопје денеска донесе Одлука за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на град Скопје за 2021 година, со која се предвидува продолжување со изградбата на булеварот Борис Трајковски до Драчево.
21.02.2021На следната, шеесет и четврта седница, Советот на Град Скопје, меѓу другите точки, ќе гласа за усвојување на извештајот за извршување на буџетот на Град Скопје за периодот 01.01 – 31.12.2020 година.
19.02.2021Градот Скопје денеска почна со партерно уредување на кејот „13 Ноември“, на потегот од градскиот плоштад до улицата Стив Наумов. Со овој проект, партерно ќе се уреди површина од околу 12.500 квадратни метри која концептуално ќе се поврзе со околните објекти.
18.02.2021Град Скопје реагира на написите во медиумите кои го пренесуваат ставот на Огнен Коцевски, околу наводното недоволно почитување на ликот и делото на неговиот татко, Данило Коцевски.