СУБВЕНЦИИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ 16.4.2021
Тротинетите, исто како и велосипедите, претставуваат поекономично и поеколошко решение за растеретување на сообраќајот во градот. Како и минатата година, така и оваа Град Скопје нуди субвенции за купување на нов електричен тротинет за жителите на Град Скопје (општини Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај).

Максималниот износ на субвенцијата изнесува 30% од износот на тротинетот или 7000 денари, а може да се аплицира на https://aplikacii.skopjelab.mk/trotineti под услов апликантот претходно да нема добиено ваква субвенција.
Она што ви е потребно од документи е:
- Важечка лична карта
- Трансакциска сметка
- Фискална сметка
*документите треба да бидат скенирани
Повеќе информации за јавниот повик на македонски јазик на линкот - https://skopje.gov.mk/media/6723/subvencii-trotineti-2021.pdf
Повеќе информации за јавниот повик на албански јазик на линкот - https://skopje.gov.mk/media/6717/subvencii-trotineti-2021-alb.pdf
- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
