Данок на промет на недвижности

РЕШЕНИЕ за утврдена даночна основа за данок на промет на недвижности
Сектор: Сектор за Финансиски прашања
Одделение: Одделение за утврдување и наплата на данок на промет, наследство и подарок.
Одговорно лице: Ана Лакордова
Телефон: +389 2 3297 280 и +389 2 3207 539
email: Ana.Lakordova@skopje.gov.mk
Работно време: 08.30-16.30 часот
Опис и тек на постапката во чекори:
  1. Поднесување на даночна пријава на шалтер 1 и 2 на Град Скопје барака 16. Поднесувањето на даночната пријава е проследено со уплата на административна такса согласно Законот за административни такси приложувајќи оригинален заверен образец ПП 50 во износ од 300,00 денари;
  2. На даночната пријава треба да се наведе лице за контакт и контакт телефон;
  3. Утврдувањето на пазарната вредност на недвижноста ја вршат проценители на Град Скопје по претходно потпишан пропишан образец во прилог на даночната пријава и извршен увид на лице место;
  4. Одговорните лица изготвуваат Решение за данок на промет на недвижности;
  5. Решението за данок на промет на недвижности се подига од шалтер бр.5 и 6 
  6. Против ова Решение може да се поднесе тужба во рок од 30 дена од денот на прием на Решението до Управниот суд на РСМ. 
Потребни документи:
  1. Даночна пријава за утврдување на данок на промет на недвижности (законски пропишана форма);
  2. Договори за купопродажба( број на примероци наведени во договор или нотарски акт), одлуки на Суд и друг акт на пренесување на сопственост.
  3. Доказ за сопственост на недвижноста (имотен лист);
  4. Друга дополнителна документација што ќе се јави како потребна во текот на постапката.
Рокови за постапката:

Најдоцна во рок од 15 дена, ако со посебен пропис не е определен пократок рок.

Документ/акт што граѓанинот го добива:

Решение за утврдена  даночна основа за данок на промет на недвижности


Постави прашање: