Авто-такси лиценца
Лиценца за вршење на авто-такси превоз на патници
Сектор: Сектор за Сообраќај
Одделение: Одделение за издавање лиценци и дозволи во областа на сообраќајот.
Одговорно лице: Горан Алексиќ; Марјан Крковски
Телефон: +389 2 3217 011
email: Goran.Aleksik@skopje.gov.mk
Работно време: 08.30-16.30 часот
Опис и тек на постапката во чекори:
- Превозникот треба да ги исполнува условите за добивање на лиценца за вршење на авто такси превоз на патници согласно Законот за превоз во патниот сообраќај (Сл.бр.68/2004).
- Превозникот доставува Барање за добивање на лиценца за вршење на авто-такси превоз на патници до Градоначалникот на Град Скопје (барањето се доставува преку Архивата на Град Скопје – барака 16).
Потребни документи:
- ДОКАЗ ЗА РЕГИСТРИРАНА ДЕЈНОСТ СО ПРЕТЕЖНА ДЕЈНОСТ 60.22 (ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА);
- ВГРАДЕН ФИСКАЛЕН ТАКСИМЕТАР (Уверение за баждареност и Решение од УЈП);
- ЛИЧНА КАРТА (КОПИЈА ОД УПРАВИТЕЛОТ И ТАКСИ ВОЗАЧИТЕ);
- УПЛАТНИЦА СО ИЗНОС ОД 3 000,00 ДЕНАРИ ( оригнал) ЗА ПЛАТЕНА АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА НА Ж-СМЕТКА 100000000063095, на уплатна сметка 840 - 185 - 03182, НА ПРИХОДНА ШИФРА И ПРОГРАМА 722315-00 НА ТРЕЗОРСКА СМЕТКА - БУЏЕТ НА ГРАД СКОПЈЕ, НАРОДНА БАНКА НА Р.МАКЕДОНИЈА ЗА АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА ТАРИФЕН БРОЈ 13;
- ДОКАЗ УВЕРЕНИЕ ЗА НЕМАЊЕ ПРАВОСИЛНА СУДСКА ПРЕСУДА;
- ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ОБРАЗЕЦ М-1,М-2;
- КОПИЈА ОД СООБРАЌАЈНА ДОЗВОЛА ОД ТАКСИ ВОЗИЛАТА ВО СОПСТВЕНОСТ НА ПРЕВОЗНИКОТ (на ДООЕЛ и на ТП на име на фирмата или на лизинг);
- ПОТВРДА за исполнување на техничко експлоатациони карактеристики на возилото од СТАНИЦА ОВЛАСТЕНА ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД (образец бр. 6);
- СПИСОК НА ТАКСИ ВОЗИЛА И ВОЗАЧИ (образец 1-2);
- ДВЕ МАЛИ ФОТОГРАФИИ ОД ТАКСИСТОТ;
- ДОКАЗ ЗА ПОСЕДУВАЊЕ НА СЛУЖБЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ТАКСИ УСЛУГА, ТАКСИ ПРЕВОЗ (АКО ИМА);
- ДОГОВОР ЗА ЗДРУЖУВАЊЕ (АКО ИМА);
- ДОКАЗ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА КОМПЕТЕНТНОСТ;
- НАМИРЕНИ ЈАВНИ ДАВАЧКИ.
НАПОМЕНА: Субјектот заинтересиран за добивање на наведениот документ/акт треба во доставената документација да наведе и контакт телефон.
Рокови за постапката:
30 дена по архивирање на барањето доколку превозникот поседува комплетна докумантација во поднесокот
Документ/акт што граѓанинот го добива:
Лиценца за вршење на авто-такси превоз на патници