Авто-такси лиценца

Лиценца за вршење на авто-такси превоз на патници

Сектор: Сектор за Сообраќај
Одделение: Одделение за издавање лиценци и дозволи во областа на сообраќајот.
Одговорно лице: Горан Алексиќ
Телефон: +389 2 3217 011
email: Goran.Aleksik@skopje.gov.mk
Работно време: 08.30-16.30 часот

Опис и тек на постапката во чекори:
  1. Превозникот треба да ги исполнува условите за добивање на лиценца за вршење на авто такси превоз на патници согласно Законот за превоз во патниот сообраќај (Сл.бр.68/2004).
  2. Превозникот доставува Барање за добивање на лиценца за вршење на авто-такси превоз на патници до Градоначалникот на Град Скопје (барањето се доставува преку Архивата на Град Скопје – барака 16).
Потребни документи:
  1. ДОКАЗ ЗА РЕГИСТРИРАНА ДЕЈНОСТ СО ПРЕТЕЖНА ДЕЈНОСТ 60.22 (ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА);
  2. ВГРАДЕН ФИСКАЛЕН ТАКСИМЕТАР (Уверение за баждареност и Решение од УЈП);
  3. ЛИЧНА КАРТА (КОПИЈА ОД УПРАВИТЕЛОТ И ТАКСИ ВОЗАЧИТЕ);
  4. УПЛАТНИЦА СО ИЗНОС ОД 3 000,00 ДЕНАРИ ( оригнал) ЗА ПЛАТЕНА АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА НА Ж-СМЕТКА 100000000063095, на уплатна сметка 840 - 185 - 03182, НА ПРИХОДНА ШИФРА И ПРОГРАМА 722315-00 НА ТРЕЗОРСКА СМЕТКА - БУЏЕТ НА ГРАД СКОПЈЕ, НАРОДНА БАНКА НА Р.МАКЕДОНИЈА ЗА АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА ТАРИФЕН БРОЈ 13;
  5. ДОКАЗ УВЕРЕНИЕ ЗА НЕМАЊЕ ПРАВОСИЛНА СУДСКА ПРЕСУДА;
  6. ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ОБРАЗЕЦ М-1,М-2;
  7. КОПИЈА ОД СООБРАЌАЈНА ДОЗВОЛА ОД ТАКСИ ВОЗИЛАТА ВО СОПСТВЕНОСТ НА ПРЕВОЗНИКОТ (на ДООЕЛ и на ТП на име на фирмата или на лизинг);
  8. ПОТВРДА за исполнување на техничко експлоатациони карактеристики на возилото од СТАНИЦА ОВЛАСТЕНА ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД (образец бр. 6);
  9. СПИСОК НА ТАКСИ ВОЗИЛА И ВОЗАЧИ (образец 1-2);
  10. ДВЕ МАЛИ ФОТОГРАФИИ ОД ТАКСИСТОТ;
  11. ДОКАЗ ЗА ПОСЕДУВАЊЕ НА СЛУЖБЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ТАКСИ УСЛУГА, ТАКСИ ПРЕВОЗ (АКО ИМА);
  12. ДОГОВОР ЗА ЗДРУЖУВАЊЕ (АКО ИМА);
  13. ДОКАЗ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА КОМПЕТЕНТНОСТ;
  14. НАМИРЕНИ ЈАВНИ ДАВАЧКИ.

НАПОМЕНА: Субјектот заинтересиран за добивање на наведениот документ/акт треба во доставената документација да наведе и контакт телефон.

Рокови за постапката:

30 дена по архивирање на барањето доколку превозникот поседува комплетна докумантација во поднесокот

Документ/акт што граѓанинот го добива:

Лиценца за вршење на авто-такси превоз на патници


Постави прашање: