Сектор за локален економски развој
Секторот за локален економски развој ги врши работите на планирање на локалниот економски развој, предлага развојни и структурни приоритети на ниво на Градот Скопје, предлага мерки и активности за водење на локалната економска политика и развојот на малите и средни претпријатија, претприемништвото, се грижи за развојот и исполнувањето на законските обврски од надлежност на Градот Скопје во сферата на занаетчиството, угостителството, туризмот и трговијата, предлага мерки за развој и поттикнување алтернативен и културен туризам, предлага мерки за подобрување на условите за престој на туристите во Градот Скопје и туристичко пропагандно информирање, ја координира својата работа со другите сектори во рамки на администрацијата на Град Скопје и врши други работи што ќе му бидат доверени.
Во соработка со другите сектори во рамки на администарцијата на Град Скопје, предлага развојни и структурни приоритети на ниво на Градот Скопје. Предлага мерки и активности за водење на локална економска политика на ниво на Градот Скопје и особено дава стручно мислење за предлог одлуките со кои се утврдува висината на комуналните такси, висината на локалните даноци, за предлог програмите за изградба и одржување на комуналната и социјалната инфраструктура и другите прописи што имаат влијание врз локалниот економски развој. Во соработка со надлежниот сектор во рамки на администарцијата на Град Скопје, иницира проекти што ќе се предложат за поддршка од меѓународни, странски и домашни донатори и субјекти и го организира учеството на Градот Скопје на конкурси за проекти на домашни и странски субјекти во областа од надлежност на одделението.
- Одделение за поддршка на развој на мали и средни претпријатија, иновации и претприемништво:
- подготвува стратегија за поддршка на развојот на малите и средни претпријатија и претприемништвото;
- предлага активности и иницијативи за поттикнување;
- предлага активности и иницијативи за соработка со претставниците на деловниот сектор и нивните здруженија на ниво на Градот Скопје во креирањето на стратешките и развојните документи за мали и средни претпријатија, иновации и претприемништво;
- предлага иницијативи за градење на јавно-приватни партнерства;
- води евиденција за работното време на продавниците, магацините, складовите, бензинските станици и деловните простори на подрачјето на градот Скопје.
- во соработка со надлежниот сектор во рамки на администарцијата на Град Скопје, иницира проекти што ќе се предложат за поддршка од меѓународни, странски и домашни донатори и субјекти и го организира учеството на Градот Скопје на конкурси за проекти на домашни и странски субјекти во областа од надлежност на одделението.
- Одделение за поддршка на развој на занаетчиство и трговија:
- предлага мерки и активности за развој на занаетчиството и трговијата на подрачјето на Градот Скопје;
- подготвува стратегија за негување и развој на старите занаети;
- ги подготвува прописите за определување на работното време на занаетчиските дејности и за определување на местата за продажба на занаетчиските производи;
- води евиденција за извршениот упис на физички лица кои вршат угостителска дејност од помал обем во регистарот што го водат општините на подрачјето на градот Скопје
- ја изготвува предлог одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти;
- ги подготвува прописите и актите со кои се утврдува земјиштето чија намена е кампирање и земјиштето што е привремено определно за кампирање, се утврдуваат местата за вршење конфекционирани угостителски услуги од физички лица, категоризацијата на објекти за издавање од страна на физички лица и други прописи и акти од надлежности на Советот и Градоначалникот на Градот Скопје во согласност со закон;
- го подготвува предлогот на прописот за утврдување на работното време на зелените пазари за трговија на големо и мало;
- го подготвува предлогот на прописот за утврдување на стоки што може да се продаваат на посебно организирани делови на зелените пазари;
- го подготвува предлогот на прописот за определување на местата на кои може да се врши трговија во киосци, автомати и продажба од подвижни улични продавачи;
- го подготвува предлогот на прописот за определување на местата на кои може да се врши трговија на мало и давање услуги во трговијата пред продавниците, односно деловни простори со одобрение и одобренијата што ги донесува Градоначалникот на Градот Скопје;
- води евиденција на пријавите од трговците за исполнување на минимално-техничките услови за деловните простории и простории во кои се врши трговија и за започнување со работа на продажниот или друг деловен објект на трговецот;
- води евиденција за работното време на продавниците, магацините, складовите, бензинските станици и деловните простори на подрачјето на градот Скопје..
- Одделение за поддршка на развој на туризам и угостителство:
- предлага стратегија за развој на туризмот во градот Скопје;
- предлага мерки и дава иницијативи за проекти и активности за развој и поттикнување на алтернативниот и културен туризам;
- предлага годишна програма за општо туристичко пропагандно информирање и подобрување на условите за престој на туристите во градот Скопје и ја обезбедува нејзината реализација;
- води евиденција за извршениот упис на физички лица кои вршат туристичка дејност од помал обем во регистарот што го водат општините на подрачјето на градот Скопје, како и за пријавувањето на вршителите на туристичка дејност што започнуваат со работа на нивно подрачје.
- ги изготвува одобренијата за вршење угостителска дејност надвор од деловниот објект, на простор наменет, уреден и опремен за давање угостителски услуги (тераси и летни бавчи);
- ја изготвува предлог одлуката за утврдување на надоместок за давање услуги за угостителска дејност во ноќен бар, кабаре, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор;
Контакт:
Раководител на сектор: Марина Мисајлески
Телефон: 02/3297-327
e-mail: Marina.Petrovska@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Помошник Раководител на Секторот: Мери Костовска
Телефон:
е-мail: meri.kostovska@skopje.gov.mk
Работно време: 08.30-16.30 часот
Помошник раководител на сектор: Идриз Ковачи
Телефон: 02/3297-233
e-mail: Idriz.Kovaci@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Раководител на одделение за поддршка и развој на мали и средни претпријатија, претприемништво и иновации: Азиз Максути
Телефон:
е-мail:
Работно време: 08.30-16.30 часот
Раководител на одделение за поддршка на развој на занаетчиство и трговија: Февзи Мани
Телефон: 02/3297-233
e-mail: Fevzi.Mani@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Раководител на одделение за поддршка на развој на туризам и угостителство: Билјана Стојмановска
Телефон: 02/3297-284
е-мail: Biljana.Stojmanovska@skopje.gov.mk
Работно време: 08.30-16.30 часот