ИЗБРАНИ ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДАТА „13 НОЕМВРИ“ НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2021 ГОДИНА 01.11.2021

Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, денеска, по спроведеното тајно гласање, и официјално ги објави добитниците на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2021 година. Тајното гласање го спроведе Комисијата што ја именува Одборот, во следниот состав: претседател  Вангелина Мојаноска и членови: Лорета Георгиевска-Јаковлева, Газанфер Бајрам, Севдаиљ Демири, Халил Зендели, Бранко Цветкоски, Виолета Томовска, Петре Арсовски, Роландо Кутиров, Љубиша Станковиќ и Даница Стојанова.    

 

Добитници на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2021 година се:

 

Од областа на науката

1. проф.д-р ДЕНКО МАЛЕСКИ - професор во пензија

 - за посебен долгогодишен придонес во развојот на науката и високото образование.

2. д-р ЕМИЛ НИАМИ -автор, лектор, преведувач

- автор на првиот Речник на антонимите во македонскиот јазик и на првиот Речник на паронимите во македонскиот јазик.

 

Од областа на образованието и воспитанието

 1. Проф. д-р МИШО ДОКМАНОВИЌ. редовен професор на Правниот факултет„Јустинијан Први“, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“-Скопје

 -за посебен придонес во развојот на науката и високото образование.

 

Од областа на публицистиката

1.СЛОБОДАН ПЕТРОВИЌ, новинар, публицист

-за повеќедеценискиот придонес во македонската печатена новинска продукција

 

Од областа на културата

1.ИРЕНА КОЛИШТРКОСКА НАСТЕВА, археолог

 -за непрекинато 35-годишно активно битисување, видно учество во сферата на културата, музејското работење, со акцент на археологијата.

 

2.ЛИЛЈАНА ПАНДЕВА, писател, поет, прозаист

 -за достигнувања во областа на македонската современа книжевност и придонес како лектор по македонски јазик.

 

Од областа на уметноста

 1. ЕМИЛИЈА ЏИПУНОВА, балетски уметник и балетски критичар

 -за долгогодишен придонес во развојот на балетската уметност во државата и надвор од неа.

 

Од областа на здравствената заштита

1. МЕДИЦИНСКИ ТИМ на доктори – кој ја изведе првата операција во Република Северна Македонија: ИМПЛАНТАЦИЈА НА ВАГУС НЕРВ СТИМУЛАТОР (ВНС), кај пациенти со епилепсија резистентна на лекови:

доц. д-р Владимир Рендевски,  доц. д-р Венко Филипче,  проф. д-р Владимир Башчаревиќ, проф. д-р Емилија Цветковска, н.сор. д-р Бојан Бошковски,  доц. д-р Иван Барбов, асс. д-р Благој Шунтов, д-р Радмила Панговска,  д-р Јасна Бушиноска.

 -за успешно извршена прва операција во Република Северна Македонија: ИМПЛАНТАЦИЈА НА ВАГУС НЕРВ СТИМУЛАТОР (ВНС), кај пациенти со епилепсија резистентна на лекови.

 

2.ТИМ ЗА ИМУНИЗАЦИЈА ОД КОВИД 19 ПРИ ЗДРАСТВЕН ДОМ СКОПЈЕ

 -за исклучителна ангажираност и несебичен придонес во процесот на имунизација на населението.

 

Правни лица

 

1.ЈНУ ИНСТИТУТ за македонска литература - Скопје

  -за 40-годишна работа во областа на науката, образованието и културата и реализирани проекти за заштита на културното наследство во соработка со Градот Скопје.

 2.ООУ „Кирил и Методиј“ село Стајковци, Општина Гази Баба, Скопје

 - за постигнати извонредни резултати во наставниот процес и воннаставните активности во училиштето и надвор од него.

 

на лице од друга држава

 1. РАДЕ ШЕРБЕЏИЈА, режисер, актер

 -за голем придонес во културно-уметничкиот живот и афирмација на град Скопје преку филмот „Ослободување на Скопје“.

 

 Ученици и студенти

 1. САНДРА НЕДАНОВСКА, ученичка во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје

 -за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Скопје во државата и надвор од неа.

                                                 

Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание од Градот Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Северна Македонија и во светот. Наградата може да се додели и на физички и  правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот. Исто така, Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на градот Скопје.