Соопштение за јавност 15.11.2024
И покрај сите блокади во Советот на Град Скопје, инвестираме и реализираме голем број капитални проекти кои суштински на подобро ќе го променат движењето и животот во главниот град. Токму еден таков проект е изградбата на булеварот Љубљанска чија прва фаза на реализација се завршува вклучително со изградбата и на подземната инфраструктура. Согласно проектот се работи за ново булеварско решение со поврзување на нов мост на реката Вардар од таканаречен тип “extradosed bridge”.

Ова сообраќајно решение ќе го олесни движењето на граѓаните на Општина Карпош директно поврзувајќи ги со улицата Скупи. Ваквото решение не само што ќе го скрати времето на патување туку и значително ќе го намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот. На овој потег истовремено покрај булеварското решение се гради и нова велосипедска и пешачка патека со соодветно партерно уредување.

- ВЕСТИ
- 17.06.2026 - Соопштение за јавностa
- 09.06.2026 - Активни Комисиите при Советот на Град Скопје
- 09.06.2026 - Соопштение за јавностa
- 27.05.2026 - Соопштение за јавностa
- 22.05.2026 - Oдржан е третиот состанок на Живата лабораторија (Living Lab) во рамки на проектот TERRAIN
- 19.05.2026 - Соопштение за јавностa
- 05.05.2026 - Соопштение за јавноста
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
