Соопштение 01.10.2026

Првата форумска сесија на проектот „Зајакнување на општинските совети - 2“ што на 29.09.2026 година се одржа во просториите на Град Скопје предизвика интерес кај граѓаните, здруженијата на граѓани и институциите кои со своето учество ќе придонесат успешно да се реализираат предвидените форуми, а со тоа, на крајот, да се избере и најдобриот проект или проекти со кои ќе се аплицира во рамките на вкупниот фонд од 15.000 американски долари.

Во текот на првата форумска сесија пред присутните беше презентирана форумската тема и беа формирани работните групи во чии рамки се дискутираше за потребите на граѓаните, се даваа идеи, предлози и препораки и се работеше на предлог проекти. Работата на работните групи ќе продолжи на втората форумска сесија што ќе се одржи по една недела. 

Проектот „Зајакнување на општинските совети - 2“ е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е спроведуван од УНДП и Град Скопје.

Соработката со граѓаните, граѓанските здруженија и со другите институции е од исклучително значење за Градот Скопје за детектирање на најгорливите проблеми во градот и за изнаоѓање на најодржливите решенија што се во интерес на сите граѓани.

#UNDP #ЗајакнувањеНаОпштинскитеСовети