Соопштение за јавност 15.11.2024
Скопје има Европски шампион во кик-бокс! Горди сме на нашиот Бобан Илиоски кој во Атина ја освои европската титула во кик бокс во конкуренција на 982 натпреварувачи со 1133 натпреварувачки влезови од 41 европска држава.
Тој во финалето на Европското кик бокс првенство за сениори кое се одржа во Грција, го совлада Ерик Нивегловски од Полска. Бобан по втор пат е носител на шампионската титула и златниот медал, со што покажа дека е еден од најдобрите европски и светски кикбоксери.
Успесите во низа кои ги постигнува Бобан се наша гордост и ќе продолжиме со поддршката на овој наш несекојдневен македонски талент, кој Македонија ја промовира со секоја своја нова победа!
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
