РАСПИШАН КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ПАРКОТ ВО КАРПОШ 07.2.2020
Град Скопје го распиша конкурсот за избор на идејно архитектонско и хортикултурно решение за новиот парк во Општина Карпош.
Конкурсот е општ и анонимен и право на учество имаат сите правни и физички лица.

Рокот за предавање на конкурсните трудови е 16.03.2020 година, а оценувањето на трудовите ќе го врши жири комисија составена од вработени во Град Скопје.
Вкупниот награден фонд за конкурсот е 620.000 денари и тоа:
- Прва награда 310.000 денари;
- Втора награда 185.000 денари;
- Трета награда 125.000 денари;
Предложениот дизајн треба да одговори на потребите на сите граѓани на Градот Скопје, меѓутоа и на оние во станбените населни во негова непосредна близина. Истиот треба да биде корисен, фунционален и одржлив преку оригинални, креативни и иновативни идеи.
Урбаната опрема треба да ги задоволува сите старосни групи, да биде ергономска, функционална, безбедна, како и лесно пристапна и одржлива.
Сите применети материјали, како и дизајнот во целина треба да се карактеризираат со трајност, квалитет и да се во согласност со најсовремените светски стандарди за ваков или сличен тип на објект.
Конкурсот може да го најдете на следната интернет врска:
https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/6bb55d52-38d2-4fd7-a749-794156d56133/6
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
