Соопштение за јавност 08.2.2024
Инвестициите во средните училишта на град Скопје се поставени високо во приоритетите на делувањe, за што се доказ бројните проекти кои веќе се реализирани. Градот го реализираше проектот за опремување на кабинети со компјутери за сите скопски средни училишта, што овозможува поквалитетно изведување на наставата и можност наставниот кадар во целост да си ги извршува своите обврски на работното место.

Во средното училиште на Град Скопје “Марија Кири - Склодовска” годинава настава посетуваат 1725 ученици, кои со дигиталните уреди имаат можност за следење на наставата и за работа во согласност со современите текови.

Со нови дигитални табли поставени во средното училиште на Град Скопје “Марија Кири - Склодовска”, опремени се дополнителни 10 училници со што се креираат услови за унапредување на наставниот процес. Поставувањето на нови смарт уреди е дел од проектот за осовременување на училиштата, со што преку стимулирање на дигиталните вештини и знаења ќе се овозможи дополнително унапредување на наставниот процес.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
