ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОБИВАЊЕ ПРАВО ЗА БЕСПЛАТНО КОРИСТЕЊЕ МЕСТА ЗА ИСТАКНУВАЊЕ ИЗБОРНИ ПЛАКАТИ 13.9.2021

Град Скопје ги известува подносителите на листите за кандидати за Локалните избори, дека согласно со Одлуката за условите за добивање право за користење место за истакнување изборни плакати во градот („Сл.гласник на Град Скопје” бр.6/06), дека Град Скопје поставува паноа за бесплатно изборно рекламирање на посебно определени локации.

За добивање право на користење место за истакнување на изборни плакати на наведените паноа, организаторите на изборната кампања доставуваат барање до администрацијата на Град Скопје – Сектор за комунални работи, најдоцна до денот определен за почеток на изборната кампања - до 10 часот.

Редоследот на истакнување на изборни плакати се определува со ждрепка, посебно за секој подносител.

Ждребувањето ќе се изврши на денот на започнување на кампањата во 11:00 часот, во Град Скопје-Сектор за комунални работи, (Бул.Илинден бр.82–барака 11).