
Одржан состанок со Независниот синдикат на пожарникарите 15.2.2023
Градоначалничката на градот Скопје Денела Арсовска, одржа работен состанок со претседателот на Синдикатот на пожарникарите, Тони Бошковски и генералниот секретар на Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија Боби Вељаноски, на кој се разговараше за унапредување на условите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, за обуки и опрема за пожарникарите кои се неопходни за зголемување на нивната подготвеност за интервенции, како и за бројни други мерки неопходни за подобра функционалност.
Пожарникарите се хероите на нашиот град, кои секогаш будно следат и брзо делуваат во заштита на нашата безбедност и сигурност. Правата на припадниците на бригадата се унапредија минатата година со исполнување на барањето бодувањето од правилник за утврдување на коефициент на плата, да се трансформира во бодување во колективниот договор, со што се заштитија законските права на скопските пожарникари.
- ВЕСТИ
- 14.03.2023 - Средба во Брисел и учество на Европскиот комитет на региони
- 13.03.2023 - Нов мега-парк во Чаир
- 12.03.2023 - Положено цвеќе во чест на 7144 македонски Евреи
- 10.03.2023 - Отворена првата градска биотехнолошка лабораторија
- 09.03.2023 - Реконструкција на водоводна мрежа во Гази Баба
- 06.03.2023 - Започна реконструкцијата на ул.„Радишанска“
- 04.03.2023 - Реконструкција на улицата Александар Урдаревски
- 01.03.2023 - Постигнат договор со приватните превозници во град Скопје
- 28.02.2023 - Пуштена во употреба улицата „Христофер Жефаровиќ“ во Сингелиќ
- 17.02.2023 - Нов кружен тек во Ѓорче Петров