ПОКАНА ЗА ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ 18.1.2022

Во четврток (20.01.2022 година) во 11 часот, Советот на Град Скопје ќе ја одржи 4-та седница.

На седницата Советот на Град Скопје ќе работи по следниот предложен дневен ред:

 

- Усвојување на Записникот од третата седница на Советот на Град Скопје

 

  1. Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Гази Баба за финансиско учество за реконструкција на улица Перо Наков од раскрсница со улица Маџари до улица Индустриска 2 во Скопје;
  2. Предлог Одлука за изменување на Одлуката за давање помош на семејствата на загинатите и повредените во сообраќајната несреќа на автопатот „Струма“, Република Бугарија;
  3. Предлог-Одлука за давање на субвенции на ЈП Градски Паркинг-Скопје за 2022 година;
  4. Предлог-Одлука за давање согласност за преземање вработен;
  5. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на вредноста на бодот за 2022 година на ЈП Комунална хигиена-Скопје;
  6. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈСП Скопје –Скопје;
  7. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на вредноста на бодот за 2022 година за пресметување на платите на вработените во ЈП Водовод и канализација Скопје;
  8. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за донација на ЈП Водовод и канализација –Скопје;
  9. Предлог-Одлука за давање согласност на Инвестиционата програма на ЈП Водовод и канализација – Скопје за 2022 година;
  10. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за цени на договорен превоз;
  11. Предлог-одлуки за предлагање претставник на Градот Скопје во управните одбори на ЈУ за деца детски градинки од подрачјето на град Скопје, и тоа:

а) Предлог-Одлука за предлагање претставник на Градот Скопје во Управниот одбор на ЈУ за деца-Детска градинка “Мајски цвет“ Општина Карпош - Скопје;

б) Предлог-Одлука за предлагање претставник на Градот Скопје во Управниот одбор на ЈУ за деца-Детска градинка “8 Март“ Општина Кисела Вода - Скопје;

в) Предлог-Одлука за предлагање претставник на Градот Скопје во Управниот одбор на ЈУ за деца-Детска градинка “8 Април“, Општина Шуто Оризари - Скопје;

г) Предлог-Одлука за предлагање претставник на Градот Скопје во Управниот одбор на ЈУ за деца-Детска градинка “Весели цветови“ Општина Кисела Вода - Скопје;

д) Предлог-Одлука за предлагање претставник на Градот Скопје во Управниот одбор на ЈУ за деца-Детска градинка “Кочо Рацин“ Општина Центар - Скопје;

ѓ) Предлог-Одлука за предлагање претставник на Градот Скопје во Управниот одбор на ЈУ за деца-Детска градинка “11 Октомври“ Општина Бутел - Скопје;

е) Предлог-Одлука за предлагање претставник на Градот Скопје во Управниот одбор на ЈУ за деца-Детска градинка “13 Ноември“ Општина Центар - Скопје;

ж) Предлог-Одлука за предлагање претставник на Градот Скопје во Управниот одбор на ЈУ за деца-Детска градинка “Орце Николов“ Општина Карпош - Скопје;

з) Предлог-Одлука за предлагање претставник на Градот Скопје во Управниот одбор на ЈУ за деца-Детска градинка “Раде Јовчевски Корчагин“ Општина Центар - Скопје;

ѕ) Предлог-Одлука за предлагање претставник на Градот Скопје во Управниот одбор на ЈУ за деца-Детска градинка “25 Мај“ Општина Гази Баба - Скопје;

и) Предлог-Одлука за предлагање претставник на Градот Скопје во Управниот одбор на ЈУ за деца-Детска градинка “Детска радост“ Општина Гази Баба - Скопје;

ј) Предлог-Одлука за предлагање претставник на Градот Скопје во Управниот одбор на ЈУ за деца-Детска градинка “Распеана младост“ Општина Карпош - Скопје;

к) Предлог-Одлука за предлагање претставник на Градот Скопје во Управниот одбор на ЈУ за деца-Детска градинка “Буба мара“ Општина Аеродром - Скопје;

л) Предлог-Одлука за предлагање претставник на Градот Скопје во Управниот одбор на ЈУ за деца-Детска градинка “Срничка“ Општина Аеродром - Скопје;

љ) Предлог-Одлука за предлагање претставник на Градот Скопје во Управниот одбор на ЈУ за деца-Детска градинка “Росица“ Општина Ѓорче Петров - Скопје;

м) Предлог-Одлука за предлагање претставник на Градот Скопје во Управниот одбор на ЈУ за деца-Детска градинка “Пролет“ Општина Карпош - Скопје;

н) Предлог-Одлука за предлагање претставник на Градот Скопје во Управниот одбор на ЈУ за деца-Детска градинка “Фидани“ Општина Чаир - Скопје;

њ) Предлог-Одлука за предлагање претставник на Градот Скопје во Управниот одбор на ЈУ за деца-Детска градинка “Снежана“ Општина Чаир - Скопје;

 

  1. Предлог-одлуки за именување претставници на Градот Скопје во училишните одбори на средните училишта на Град Скопје, и тоа:

а) Предлог-Одлука за именување претставници на Градот Скопје во Училишниот одбор на СУГС „Јосип Броз -Тито“-Скопје;

б) Предлог-Одлука за именување претставници на Градот Скопје во Училишниот одбор на СУГС „Кочо Рацин“-Скопје;

в) Предлог-Одлука за именување претставници на Градот Скопје во Училишниот одбор на СУГС „Здравко Цветковски“-Скопје;

г) Предлог-Одлука за именување претставници на Градот Скопје во Училишниот одбор на СУГС „Сарај“-Скопје;

д) Предлог-Одлука за именување претставници на Градот Скопје во Училишниот одбор на СУГС „Зеф Љуш Марку“-Скопје;

ѓ) Предлог-Одлука за именување претставници на Градот Скопје во Училишниот одбор на Средното медицинско училиште на Град Скопје “Д-р Панче Караѓозов“-Скопје;

е) Предлог-Одлука за именување претставници на Градот Скопје во Училишниот одбор на СУГС “Браќа Миладиновци“-Скопје;

ж) Предлог-Одлука за именување претставници на Градот Скопје во Училишниот одбор на СУГС “Арсени Јовков“-Скопје;

ѓ) Предлог-Одлука за именување претставници на Градот Скопје во Училишниот одбор на СУГС Гимназија „Панче Арсовски“-Скопје;

е) Предлог-Одлука за именување претставници на Градот Скопје во Училишниот одбор на СУГС „Цветан Димов“-Скопје;

ж) Предлог-Одлука за именување претставници на Градот Скопје во Училишниот одбор на АСУЦ „Боро Петрушевски“-Скопје;

з) Предлог-Одлука за именување претставници на Градот Скопје во Училишниот одбор на СУГС „Шаип Јусуф“-Скопје;

ѕ) Предлог-Одлука за именување претставници на Градот Скопје во Училишниот одбор на СУГС “Михајло Пупин“-Скопје;

и) Предлог-Одлука за именување претставници на Градот Скопје во Училишниот одбор на СУГС „Васил Антевски Дрен“-Скопје;

ј) Предлог-Одлука за именување претставници на Градот Скопје во Училишниот одбор на СУГС „Марија Кири Склодовска“-Скопје;

к) Предлог-Одлука за именување претставници на Градот Скопје во Училишниот одбор на СУГС „Никола Карев“-Скопје;

л) Предлог-Одлука за именување претставници на Градот Скопје во Училишниот одбор на СУГС „Орце Николов“-Скопје;

љ) Предлог-Одлука за именување претставници на Градот Скопје во Училишниот одбор на СУГС „Раде Јовчевски- Корчагин“-Скопје;

м) Предлог-Одлука за именување претставници на Градот Скопје во Училишниот одбор на СУГС „8-септември“-Скопје;

н) Предлог-Одлука за именување претставници на Градот Скопје во Училишниот одбор на СУГС „Владо Тасевски“-Скопје;

њ) Предлог-Одлука за именување претставници на Градот Скопје во Училишниот одбор на СУГС „Георги Димитров“-Скопје;

о) Предлог-Одлука за именување претставници на Градот Скопје во Училишниот одбор на СУГС „Димитар Влахов“-Скопје;

п) Предлог-Одлука за именување претставници на Градот Скопје во Училишниот одбор на СУГС „Лазар Танев“-Скопје;

р) Предлог-Одлука за именување претставници на Градот Скопје во Управен одбор на Ученички дом “Здравко Цветковски“-Скопје;

 

  1. Предлог-Одлука за именување член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП Депонија Дрисла-Скопје;
  2. Предлог-Одлука за разрешување и именување член на Надзорниот одбор на ЈУ “Детски културен центар –Карпош“-Скопје;
  3. Предлог-Одлука за разрешување и именување член на Надзорниот одбор на ЈУ “Зоолошка градина на Град Скопје“-Скопје;
  4. Предлог-Одлука за именување претставници на Градот Скопје во Управниот одбор на ЈЗУ Здраствен дом “ЖЕЛЕЗНИЧАР“-Скопје;
  5. Предлог-Одлука за именување претставници на Градот Скопје во Управниот одбор на Јавната здравствена установа Здравствен дом на Скопје;
  6. Предлог-Одлука за избор на членови на Советот за заштита на потрошувачите на град Скопје и
  7. Предлог-Одлука за формирање Комисија за односи меѓу заедниците
  8. Предлог-Програма за работа на Советот на Град Скопје за 2022 година;
  9. Предлог-Програма за спроведување на превентивна дезинсекција на подрачјето на градот Скопје за 2022 година;
  10. Предлог-Програма за украсување на градот Скопје со знамиња по повод државни празници и други прилики во 2022 година и
  1. Предлог- Годишна оперативна Програма за подигање и одржување на зеленилото на подрачјето на град Скопје за 2022 година.

 

Седницата ќе се одржи во големата сала на Советот на Град Скопје, барака 13, бул. Илинден број 82 Скопје.

Преносот во живо на седницата на Советот на Град Скопје можете да ги проследите на фејсбук страните на Град Скопје.

Претставниците на медиумите кои сакаат да присуствуваат во Салата на Советот на Град Скопје, ќе мора да приложат доказ дека се целосно вакцинирани и да ги почитуваат сите протоколи за заштита од ковид 19.