Известување за добивање право за бесплатно користење места за истакнување изборни плакати 19.2.2024

Град Скопје ги известува подносителите на листите за претседателските и за парламентарните избори дека согласно со Одлуката за условите за добивање право за користење место за истакнување изборни плакати во градот („Сл.гласник на Град Скопје” бр.6/06), дека Град Скопје поставува паноа за бесплатно изборно рекламирање на посебно определени локации.

За добивање право на користење место за истакнување изборни плакати на наведените паноа, организаторите на изборната кампања доставуваат барање до администрацијата на Град Скопје - Сектор за комунални работи, најдоцна до денот определен за почеток на изборната кампања за претседателските избори до 10 часот и до денот определен за почеток на изборната кампања за параламентарните избори, исто така,  до 10 часот.

Редоследот на истакнување на изборни плакати се определува со ждрепка, посебно за секој подносител.

Ждребувањата ќе бидат извршени на деновите на започнувањето на изборните кампањи (првин за претседателските избори, а потоа за парламентарните избори) со почеток во 11 часот во Град Скопје -Сектор за комунални работи, (Бул.Илинден  бр.82 –барака 11).