
Арсовска: Стратешкото партнерство со САД се надградува со зголемена соработка на лидерите на градовите на билатерално ниво 19.7.2022
Градот Скопје има можност да учествува во целосно финансирана едногодишна програма за градење на капацитетите на покана на Универзитетот Харвард.
Градоначалничката Арсовска во 3 дневната посета на САД оствари средба со градоначалничката на Бостон Мишел Ву, со која дискутираше за предизвиците со кои градовите се соочуваат и решенија со кои истите можат да се надминат. Мишел Ву која истакнува дека најголемите предизвици можат да се надминат преку градење на заедништво, е исто како и Арсовска во Скопје, прва избрана жена градоначалник на Бостон.
-Ми беше чест да го претставувам градот Скопје на иницијативата која во САД обединува градоначалници кои можат билатерално да понудат поддршка и да разменат искуства и знаења. При сите заеднички предизвици со кои се соочуваат градовите, ова е единствена платформа наменета за градоначалници, каде се градат капацитетите за поуспешно справување со секојдневните проблеми, се разменуваат идеи, учат едни од други и си помагаат под исклучително менторство на Универзитетот Харвард.
- ВЕСТИ
- 12.08.2022 - Арсовска: На Меѓународниот ден на младите за првпат се формира Собрание на млади на Град Скопје
- 11.08.2022 - Реконструирана пешачката патека на булеварот Гоце Делчев
- 10.08.2022 - Викендов прскање против комарци по осми пат во Скопје
- 09.08.2022 - По четири децении се реконструира улицата Скоевска во Радишани
- 08.08.2022 - Од денеска започнува аплицирањето за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање во градот Скопје
- 05.08.2022 - Се уредува нова парковска површина и пешачки патеки во Ченто
- 03.08.2022 - Прскање против ларви и возрасни комарци по седми пат годинава во Скопје
- 29.07.2022 - По бројни наследени проблеми, булеварот Киро Глигоров во завршна фаза
- 27.07.2022 - Арсовска: Започнува реконструкцијата на пешачките патеки во првиот дел од Градскиот парк
- 26.07.2022 - СЕ ОДБЕЛЕЖУВААТ 59 ГОДИНИ ОД КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ