Мобилни тимови на Црвен крст со теренски активности за справување со топлотниот бран 21.7.2022
Црвениот крст на град Скопје, со поддршка од Градот Скопје, денеска започна со теренски активности за справување со најавениот топлотен бран.
Мобилните тимови на Црвен крст, од денеска (21.07.2022) до (28.07.2022) четврток ќе бидат на терен каде на повеќе фреквентни локации низ градот (автобуски стојалишта, амбуланти, пазари...) ќе дистрибуираат вода за граѓаните, како и информативни материјали со совети за граѓаните за заштита од високите температури, консумирање и приготвување на храна.

Покрај ова, тимовите на Црвениот крст по потреба ќе вршат и мерење на крвниот притисок на граѓани кои ќе се пожалат на здравствени проблеми, а во интервентни случаи, доколку кај некое лице се забележи посериозен здравствен проблем, ќе се изврши и транспорт до најблиската здравствена установа или домот на лицето кое има потреба од терапија во домашни услови.
Овие теренски активности за справување со топлотниот бран ќе ги реализираат 30 обучени волонтери од Црвениот крст.
Во насока на грижата на здравјето на бездомните лица, мобилните екипите од пунктот во Момин Поток ќе пружаат помош за овие лица, преку дистрибуција на вода, мерење на крвен притисок, како и обезбедување на транспорт до здравствени установи во интервентните случаи. Мобилните тимови од пунктот во Момин Поток се составени од доктор и парамедик, а сите граѓани можат вакви случаи да ги пријават на телефонот 071/223-972.

- ВЕСТИ
- 24.06.2026 - Соопштение за јавностa
- 17.06.2026 - Соопштение за јавностa
- 09.06.2026 - Активни Комисиите при Советот на Град Скопје
- 09.06.2026 - Соопштение за јавностa
- 27.05.2026 - Соопштение за јавностa
- 22.05.2026 - Oдржан е третиот состанок на Живата лабораторија (Living Lab) во рамки на проектот TERRAIN
- 19.05.2026 - Соопштение за јавностa
- 05.05.2026 - Соопштение за јавноста
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
