ПОКАНА ЗА 57-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ 21.10.2020

Советот на град Скопје во вторник (27.10.2020 година) во 11 часот ќе ја одржи 57-та седница.

На седницата Советот на Град Скопје ќе работи со следниот предложен дневен ред:

- Усвојување на записникот од педесет и шестата седница на Советот на Град Скопје

1. Предлог-Акциски план за зелен град;

2.Предлог-План за изменување и дополнување на Планот на програмите за развој за периодот 2020-2022 година;

3. Предлог-Изменување и дополнување на Буџетот на Град Скопје за 2020 година;

4. Предлог-Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на објект со намена B2 здравство и социјална заштита (Дневен центар за лица со интелектуална и телесна попреченост);

5. Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Гази Баба за изработка на проектна документација за реконструкција на ул. “Перо Наков” од раскрсница со ул. “Маџари” до ул. “Индустриска 2”;

6. Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Сарај за финансиско учество за реконструкција на улица во Кондово во Општина Сарај;

7. Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Сарај за финансиско учество за реконструкција на улица 2 во Крушопек во Општина Сарај;

8.Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Сарај за финансиско учество за реконструкција на локален пат за с. Бојане -Општина Сарај;

9.Предлог Одлука за измена на Одлуката за уредување на односите за реализација на сообраќајница помеѓу Град Скопје и Империјал Тобако ТКС а.д. Скопје;

10.Предлог-Одлука за начинот и условите за продажба на стечајно побарување на Град Скопје кон “СИС ИНВЕСТ ГРУП” ДОО-Скопје;

11.Предлог-Одлука за набавка на недвижен имот - објект со намена деловен објект во Централното градско подрачје-Мал Ринг за потребите на Град Скопје;

12.Предлог-Одлука за одобрување набавка на основни средства во 2020 година-канцелариски мебел и опрема за греење и климатизација;

13.Предлог-Одлука за примање на донација на Техничка документација за детално планирање и спецификација за поставување на реквизити за развој на детска моторика на планината Водно;

14.Предлог-Одлука за дополнување на Одлуката за одобрување на финансиски средства за вработување на определено време за 2020 година ;

15.Предлог-Одлука за давање согласност за преземање вработен;

16.Предлог-Одлука за давање согласност на Изменување и дополнување на Инвестиционата програма на ЈП Паркови и зеленило, Скопје, за 2020 година;

17.Предлог-oдлуки за давање согласност на Годишните планови за вработување, за 2021 година на јавните установи и тоа:

 

а) Предлог-Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ЈУ КИЦ–Скопје за 2021 година;

б) Предлог-Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ЈУ Детски културен центар „Карпош”-Скопје за 2021 година;

в) Предлог-Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ЈУ Зоолошка градина на Град Скопје, за 2021 година;

г) Предлог-Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ЈУ Младински културен центар Скопје, за 2021 година;

д) Предлог-Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ЈУ Универзална сала, Скопје, за 2021 година;

 

18. Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за одржување на магистрални и собирни улици на подрачјето на Град Скопје во зимски услови за 2020/2021 година (Зимска служба);

19.Предлог-одлуки за давање согласност на извештаите за работењето на јавните претпријатија чиј основач е Градот Скопје, за период од 01.01.2020 - 09. 2020 година, и тоа:

 

а) Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за остварените финансиски резултати од работењето на ЈП Комунална хигиена-Скопје за период  од 01.01. 2020 до 30.09.2020 година;

б) Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за остварените финансиски резултати од работењето на ЈП Градски паркинг-Скопје за период  од 01.01. 2020 до 30.09.2020 година;

в) Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за остварените финансиски резултати од работењето на ЈП Улици и патишта-Скопје за период  од 01.01. 2020 до 30.09.2020 година;

 

20. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на град Скопје за 2020 година;

21.Предлог-Програма за изменување и допонување на Програмата за финансирање на јавните установи и активностите од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2020 година ;

22.Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите во областа на спортот и младите во град Скопје, за 2020 година;

23.Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на подрачјето на град Скопје за 2020 година;

24.Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за финансирање на проекти за развој на занаечиството, угостителството и трговијата на град Скопје за 2020 година;

25. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за поддршка на локалниот економски развој на Град Скопје за 2020 година;

26.Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите во град Скопје за 2020 година;

27.Предлог-План за изменување и дополнување на Планот за Енергетска ефикасност на град Скопје за 2020 година и

28.Годишен Извештај на Секторот за внатрешни работи – Скопје, за 2019 година.

 

На седницата на Советот ќе се работи со употреба на конференциска врска.