ПОКАНА ЗА 51-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ 22.5.2020

Советот на Град Скопје на ден 28.05.2020 година (четврток) во 11 часот, ќе ја одржи својата 51-ва седница. На седницата Советот ќе работи по следниот предложен дневен дред:

- Усвојување на записниците од педесеттата, шестата вонредна и седмата вонредна седница на Советот на Град Скопје

    1.Извештај за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2020 година, за периодот од 01.01.  до 31.03.2020 година;

  1. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за задолжување на Град Скопје со заем кај финансиска институција;
  2. Предлог-Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за користење на локации за рекламни паноа;
  3. Предлог-Одлука за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓаните на градот Скопје за купување на велосипеди во 2020 година;
  4. Предлог-Одлука за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓаните на градот Скопје за купување на електрични тротинети во 2020 година;
  5. Предлог-Одлука за примање донација од ХАЛК БАНКА АД СКОПЈЕ;
  6. Предлог-Одлука за примање на донација за реконструкција на стационарот Вардариште;
  7. Предлог-Одлука за примање донација од Градежен институт Македонија;
  8. Предлог-Одлука за давање на трајно користење на недвижни ствари на ЈП Лајка Скопје
  9. Предлог-Одлука за прием и отстапување на нафтени деривати на ЈСП „Скопје“- Скопје;
  10. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за давање на субвенции на ЈСП „Скопје“- Скопје за 2020 година;
  11. Предлог-Одлука за изработка на проект за инфраструктура на улица Јордан Мијалков од булевар Мајка Тереза до улица Павел Шатев, општина Центар;
  12. Предлог-Одлука за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година за четврт З 02;
  13. Предлог-Одлука за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година за четврт JИ 05;
  14. Предлог-Одлука за потребата од определување на заштитни зони на изворот Рашче;
  15. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за измена и дополна на Инвестиционата програма на ЈП Водовод и канализација-Скопје за 2020 година;
  16. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Инвестиционата програма на ЈП депонија Дрисла –Скопје, за 2020 година;
  17. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за намалување на цената на давање на услуга при електронска аукција за негативно наддавање, на ЈП депонија ДРИСЛА- Скопје;
  18. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за дополнување на Тарифникот за депонирање отпад на ЈП депонија ДРИСЛА- Скопје;

 

  1. Предлог-одлуки за давање согласност на извештаите за работењето на јавните претпријатија чиј основач е Градот Скопје, за 2019 година, и тоа:
  • Предлог-Одлука за давање согласност на  Извештајот за работа на ЈП Паркови и зеленило – Скопје за 2019 година;
  • Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работа на ЈП Улици и  патишта -– Скопје за 2019 година;
  • Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работа на ЈП Градски паркинг– Скопје за 2019 година;
  • Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работа на ЈСП Скопје– Скопје за 2019 година;
  • Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работa на ЈП Лајка Скопје за 2019 година
  1. Предлог-одлуки за давање согласност на тримесечните извештаи на јавните претпријатија чиј основач е Градот Скопје, за период од 01.01.2019 година до 31.03.2020 година, и тоа:   
  • Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работата на ЈП Улици и патишта -Скопје за период од 01.01.2020 година до 31.03.2020 година;  
  • Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работата на ЈП - Паркови и зеленило-Скопје за период од 01.01.2020 година до 31.03.2020 година;
  • Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работата на ЈП Градски паркинг-Скопје за период од 01.01.2020 година до 31.03.2020 година;
  • Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работата на ЈП – Водовод и канализација-Скопје за период од 01.01.2020 година до 31.03.2020 година;
  • Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работата на ЈП Комунална хигиена-Скопје за период од 01.01.2020 година до 31.03.2020 година;
  • Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за финансиско работење на ЈП Лајка Скопје за за период од 01.01.-31.03.2020 година;
  1. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлука за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените на ЈП ЛАЈКА Скопје за 2020 година;
  2. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за поставување урбана опрема-рекламни паноа на подрачјето на град Скопје за периодот 2012-2027 година и
  3. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за финансирање на јавните установи и активностите од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2020 година.

На седницата на Советот ќе се работи и одлучува со употреба на конференциска врска.