Соопштение за јавност 13.6.2025

Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на градот Скопје (домаќинствата) за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, на жителите кои имаат купено високоефикасен инвертер клима уред во 2025 година ќе им ги надомести трошоците направени при набавка на уредот, најмногу до 20.000,00 денари (нето износ) по домаќинство.

Јавниот повик ќе трае од денот на неговото објавување до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за 2025 година за оваа намена, но не подоцна од 31 октомври 2025 година, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.

Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, Градот Скопје ќе ја информира јавноста на својата веб-страница дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.

Јавниот повик ќе се реализира по редослед на аплицирање, односно по датум и време на аплицирање и по испратена потврда за предаден уред.

Право на учество на Јавниот повик имаат жители на градот Скопје кои имаат купено високо ефикасен инвертер клима уред за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) во периодот од 01.01.2025 година до завршување на Јавниот повик, и кои ќе поднесат барање за надоместување на трошоците.

Услови што треба да ги исполни барателот, начин на пријавување на Јавниот повик, како и начинот на спроведување на јавниот повик се објавени на веб-страницата на Град Скопје.